Бељаковце
Бељаковце или Бељаковци — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
Подрачјето на Бељаковце е населено уште од римско време, за што сведочат две наоѓалишта околу селото.[2]
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 2002 година во селото имало 64 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 54 жители, од кои 25 Македонци, 23 останати и 6 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 532 | 648 | 570 | 669 | 807 | 694 | 355 | 146 | 119 | 64 | 54 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
РодовиУреди
Бељаковце е македонско село
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Ѓуревско Mаало
- Ѓуревци (11 к.), Портаровци (5 к.), Николчевци (3 к.), Илијевци (2 к.), Јаневци (1 к.), Рокинци (1 к.) и Миленковци. Ѓуревци се најстар род во селото. Николчевци се доселени од селото Мургаш. Рокинци се гранка од родот Вардарци. А другите не си го знаат потеклото.
Чивлак Mаало
- Кајсевци (10 к.), Дрдорковци (6 к.), Мусевци (6 к.), Ѓурковци (4 к.),Суќевци (4 к.), Барабунци (3 к.) и Ѓурчинци (3 к.) Дрдорковци се доселени од Кривопаланечко. Ѓурчинци и Суќевци потекнуваат од ист предок доселен од селото Коњух кај Кратово. Другите не си го знаат потеклото.
Mаало Качаровци
- Качаровци (8 к.) и Дурмишовци (2 к.) Качаровци се доселени однекаде. Додека Дурмишовци се гранка од родот Портаровци.
Mаало Вардарци
- Вардарци (7 к.) и Грблевци (4 к.) првиот род потекнува од предок доселен од некое село во Мариово. Го знаат следното родословие: Стевко (жив на 99 г. во 1972 година) Пешо-Стојан-Стеван, кој се доселил.
Mаало Шавтировци
- Шавтировци (6 к.) доселени се однекаде.
Mаало Големиновци
- Големиновци (7 к.) доселени се однекаде.
Mаало Неделинци
- Неделинци (10 к.) доселени се однекаде.
Mаало Средоречани
- Во ова маало живеат доселеници од селата Пезово и Руѓинце. Како и од селото Дренак кај Крива Паланка. Тоа се доселеници од после Втората светска војна. Севкупно имаат (10 к).[8]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Верски објекти
- Црква „Св. Никола“ од 1606 г.
- Бељаковски манастир („Св. Ѓорѓи“) од 1894 г.
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Еленец — населба од римско време
- Мало Градиште — утврдена населба од римско време
- Мидел — црква со некропола од средниот век
- Св. Петка — сакрален објект од средниот век
НастаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Портарци се иселиле во селото Зубовце. Јовановски се иселиле во селото Умин Дол. Постари иселеници од селото има и во кривопаланечкото село Добровница.
После Втората светска војна иселувањето продолжило кон градовите.[8]
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |