Јеловјане
Јеловјане — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположбаУреди
Јеловјане се наоѓа на 1 200 м надморска височина на падините на Шар Планина и е последно населено место во тој дел на Шар Планина према Косово. Атарнот на Јеловјане на Исток се граничи со Горно Плачиште, Долно Палчиште, Новаќе, Лисец и Попова Шапка, на југ со Камењане, на запад со Урвич и Ново Село 2, на север неговиот атар допира со границата со Косово.
ИсторијаУреди
За првпат Јеловјане се спомнува во XVII век. Јеловјане е населба од колонијален карактер, имено првите жители на Јеловјане потекнуваат од областа Гора на Косово, Љума во Албанија и доселеници од Анадолија.
Јеловјане во почетокот на XX век и после повлекувањето на Османлиското Царство е зафатено од поголем бран на миграции така денес граѓани на Јеловјане и нивни потомци имат мигрирано низ цела Македонија и цел Свет, поголеми миграции се забележуваат во екот на Балканските војни и миграцијата вонглавно тече кон Турција но има семејства кои имаат мигрирано во Бугарија, Грција, Романија, потоа во градовите Тетово, Скопје. Втор бран на миграција се случува после прва светска војна. Трета поголем бран на миграција се случува по втората светска војна вонглавно кон Турција. Во последните дестина години исто така Јеловјане е зафатено од голема миграција кон внатрешноста на Македонија вонглавно од економски причини.
СтопанствоУреди
Жителите на Јеловјане во мал дел се занимаваат со сточарство и планинско земјоделство, повеќето од ова население се занимава со занаетчиство како бурекџии,семкари, слаткари,скараџии и слично. Од трговските субјекти во Јеловјане моментално е застапено само угостителството, а населението исто така е печалбарско и својата издршка ја обезбедува од печалбарството. Под печалбарство се мисли внатре во границите на Р. Македонија, а мал број и надвор.
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јеловјане живееле 950 жители, сие Македонци муслимани.[2]
Според Афанаиј Селишчев во 1929 година, Синичане — село во Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и има 141 куќи со 725 жители, Македонци.[3]
Според пописот од 2002 селото брои 599 жители, од кои најголем дел се Македонци муслимани - Горанци, но од различни политичко-верски причини се изјасниле како Турци и помал дел како Албанци.[4] На пописот имало 5 Македонци, 40 Албанци, 539 Турци, 8 Бошњаци и 7 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 283 жители, од кои 9 Македонци, 8 Албанци, 173 Турци, 25 останати и 68 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 950 | 725 | 893 | 1.067 | 687 | 743 | 892 | 845 | 719 | 599 | 283 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
РодовиУреди
Јеловјане е македонско (горанско) село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Локманџии или Адровци (5 к.) најстар род во селото. Доселени се во првата половина на XVIII век. Доселени се од Љума во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Скендер (жив на 70 г. во 1948 година) Азир-Ислам-Велија-Асан-Усеин-Зеќир-Локман, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства) и во Турција (три семејства).
- Оџинци (5 к.) не знаат точно од каде се доселени.
- Алачовци или Лаачовци (30 к.) доселени се од Ујмиште во Љума, северна Албанија. Најпрво збореле албански, но мешајќи се со Горанците го прифатиле македонскиот јазик. Имаат иселеници во Тетово (шест семејства), Скопје (едно семејство), Бугарија (едно семејство) и во Турција (три семејства).
- Топузовци (3 к.) доселени се од некое место во Анадолија. Имаат иселеници во Турција (пет семејства), а некои нивни семејства изумреле во селото.
- Крлевци (15 к.) еден од најстарите родови во селото. Доселени се пред околу 300 години од селото Рестелица во Гора. Имаат иселеници во Тетово (девет семејства), Скопје (едно семејство), Куманово (едно семејство) и во Турција (седум семејства).
- Гаизуровци или Фазлиовци (2 к.) доселени се од некое село во Гора. Имаат иселеници во Турција (две семејства).
- Вурановци (16 к.) доселени се од селото Брод во Гора. Имаат иселеници во Русија (едно семејство).
- Каматниковци (31 к.) доселени се од селото Рестелица во Гора. Имаат иселеници во Новаке, Бугарија (едно семејство) и во Турција (три семејства).
- Бакуљановци (14 к.) доселени се од некое село во Гора. Овде живеат од средината на XIX век. Имаат иселеници во Анадолија (едно семејство).
- Волчевци (3 к.) и они се доселени од некое село во Гора. Имаат иселеници во Горно Синичани, Мостар (едно семејство) и во Турција (едно семејство).
- Таировци (9 к.) доселени се од некое село во Гора. Имаат иселеници во Теарце, Бугарија (едно семејство) и во Турција (едно семејство).
- Шеќеровци (3 к.) доселени се од некое село во Гора. Имаат иселеници во Бугарија (две семејства) и во Турција (едно семејство).
- Котовци (4 к.) доселени се од некое село во Гора. Имаат иселеници во Тетово (три семејства).
- Кајевци (3 к.) доселени се од некое село во Гора. Се сметаат за млади доселеници. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Муратовци (7 к.) доселени се од некое село во Гора.
- Зулвовци (3 к.) доселени се од Гора. Имаат иселеници во Турција (четири семејства).
- Одовци (2 к.) доселени се од Гора.
- Косоровци (1 к.) доселени се од Гора. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство).
- Бубузовци (2 к.) доселени се од Гора. Млади доселеници се. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство).
- Борјани или Потуровци (1 к.) доселени се од селото Урвич. Таму имале истоимени роднини, Подалечно потекло од селото Борје во Гора.
- Јусковци (1 к.) доселени се од селото Урвич. Таму припаѓале на родот Сиџимовци. Подалечно потекло од Гора.
- Абазов Шаин (1 к.) доселен од селото Ново Село. Таму припаѓал на родот Десовци, подалечно потекло од Гора.
- Елмасовци (1 к.) доселени се од Гора.[10]
Општествени установиУреди
ПОУ „11-ти Октомври“ во кое се учи од 1-8 одделение.
Селска Амбуланта која работи само за викендите,
Самоуправа и политикаУреди
Месна заедница Јеловјане. Преседател на Месната заедница е Џевџет Хаљими.
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 2059 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 335 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитостиУреди
Шарски Очи, Титов Врв.
Редовни настаниУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Иселеници од селото има во Турција, Србија, Бугарија, Романија, Италија, Словенија. Елиф Елмас е фудбалер, кој потекнува од селото, настапува за италијанскиот фудбалски клуб Наполи.
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.