Мал Папрадник

село во Општина Центар Жупа

Мал Папрадник — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Мал Папрадник

Воздушен поглед на селото Мал Папрадник

Мал Папрадник во рамките на Македонија
Мал Папрадник
Местоположба на Мал Папрадник во Македонија
Мал Папрадник на карта

Карта

Координати 41°28′18″N 20°32′48″E / 41.47167° СГШ; 20.54667° ИГД / 41.47167; 20.54667
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 169 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08025
Надм. вис. 700 м
Мал Папрадник на општинската карта

Атарот на Мал Папрадник во рамките на општината
Мал Папрадник на Ризницата

Селото главно е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 9 километри.[3]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја

уреди

Подрачјето на Мал Папрадник е населено уште од римско време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 139 хектари, на шумите отпаѓаат 77 хектари, а на пасиштата 70 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948338—    
1953387+14.5%
1961434+12.1%
1971653+50.5%
1981812+24.3%
ГодинаНас.±%
1991772−4.9%
1994753−2.5%
2002486−35.5%
2021169−65.2%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 44 жители муслимани (Македонци).[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мал Папрадник живееле 450 жители, од кои 50 жители Македонци христијани и 400 Македонци-муслимани.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мал Папрадник имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Селото е средно по големина, но со значителн пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година имало 434 жители, од кои 426 биле Турци, пет Албанци и двајца жители Македонци, а во 1994 година бројот се зголемил на 753 жители, од кои 631 Турчин, 109 Македонци и 13 останати.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Мал Папрадник броело 486 жители, од кои 25 Македонци, 455 Турци и 6 останати.[10]

Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 169 жители, од кои 5 Македонци, 125 Турци, 2 останати и 37 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 24 338 387 434 653 812 772 753 486 169
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Мал Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).[16]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото:

  • Македонски родови:
    • Муслимански родови:
      • Староседелци: Скендеровци (15 к.).
      • Доселеници: Нуровци или Тосковци (7 к.), доселени во 1825 година од селото Праленик; Корановци (9 к.), доселени во 1840 година од селото Голем Папрадник; Фератовци со Мазниковци (28 к.), доселени во 1855 година од селото Праленик; Имеровци (1 к.), доселени во 1856 година од селото Отишани во Голо Брдо, подалечно потекло од селото Тучепи во албанскиот дел од Голо Брдо; Шкретовци (2 к.), доселени во 1850 година од селото Мелани крај Пешкопеја во долен Дебар, предците им биле православни; Головци (5 к.), доселени во 1865 година од селото Коџаџик, таму припаѓале на родот Голалар, во селото зборат на македонски; Мерсијовци (1 к.), доселени во 1918 година од селото Житинени.

Иселеништво

уреди

До 1954 година од селото има иселување во Турција (13 семејства) и тоа во Лиле Бургас, Измир, Бергама, Одрин, Истанбул, Мелемен, а некои и во Албанија, Дебар и во Зелениково.[16]

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Мал Папрадник било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0563 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 903 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 936 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[4]
Џамии[20]
Споменици
  • Споменик за загинати борци во НОБ
Реки[21]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Торбеши“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1497. Text "series " ignored (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 71.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 121. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  7. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 . Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-02-07. Посетено на 7 февруари 2023.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 15. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

уреди