Орашац
Орашац или Орашец — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
До 2004 година, селото претставува административен центар на поранешната истоимена општина.
Географија и местоположбаУреди
Орашац се наоѓа 12 километри југозападно од Куманово, во близина на десната страна на патот Свети Николе-Куманово.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орашац живееле 602 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орашац имало 688 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Во 1961 година селото има 1.259 жители, додека во 1994 година бројот се намали на 480 жители.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 387 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 602[1] | 688[2] | 982 | 1.104 | 1.259 | 1.000 | 700 | 476 | 480 | 387 |
РодовиУреди
Орашац е македонско село.
Родови во селото се: Шановци (40 к.) потекнуваат од предокот Шано, Шано бил Ром. Тој се доселил однекаде, во родот денес нема жители со темна боја на кожата; Гегевци (70 к.) доселени се од дебарскиот дел кој се наоѓа во Албанија, од местото на старина се доселиле пет браќа после некое убиство, жителите на овој род ги знаат предците, Божин, Филип, останатите предци не ги знаат; Терзијовци (30 к.) се делат на Смилковци, Стаменковци и Шалковци. Гранка се од родот Гегевци; Макрешанци (20 к.) доселени се од селото Макреш; Соколовци (5 к.) доселени се однекаде во XIX век.[5]
Општествени установиУреди
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од XVI или XVII век
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Буљабашица — населба од римско време
- Вучева Варница — некропола од доцноантичко време
- Гробишта — некропола од римско време
- Јеѓупка — населба од доцноантичко време
- Калиште — градиште од римско време
- Коњарник — населба од железно време
- Селиште — населба од римско време
- Црквиште — сакрален објект од средниот век
- Чајково - Дрезга — населба од римско време
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Целосно исчезнал родот Отљанци кои се иселиле од селото, биле доселени од селото Отља, од родот Соколовци има иселеници во Ниш. Бошковци (2 к.) се иселиле во селото Проевце, гранка од родот Гегевци. Орашчани (3 к.) се иселиле во селото Кучкарево. Петковци (1 к.) се иселиле во селото Умни Дол. Шоповци (2 к.) се иселиле во селото Ќојлија. Гиевци (4 к.) се иселиле во селото Студена Бара, Скопско. Рашинци (3 к.) се иселиле во селото Винце. Иселеници има и во Скопје и Куманово.[5]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“ Скопје.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 218-219. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |