Селемли
Селемли — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци.
Селемли | |
Панорамски поглед на Селемли | |
Координати 41°9′1″N 22°37′1″E / 41.15028° СГШ; 22.61694° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Богданци |
Област | Бојмија |
Население | 255 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1488 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06024 |
Надм. вис. | 150 м |
Селемли на општинската карта Атарот на Селемли во рамките на општината | |
Селемли на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во областа Бојмија, во југоисточниот дел на територијата на Општина Богданци, чиј атар се допира со државната граница со Грција[2] и има премин. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 11 километри.[2] Селемли е сместено јужно од селото Стојаково, со кое е поврзано со асфалтен пат.
Атарот зафаќа површина од 6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 390 хектари, на пасиштата отпаѓаат 160 хектари, а на шумите само 4 хектари.[2]
Во јужниот дел на селото се наоѓа малото вештачко езеро Селемлија, изградено во 1970-тите години за наводнување на лозовите насади.
Историја
уредиПодрачјето на Селемли е населено уште во доцната антика, за што сведочат остатоците на наоѓалиштето Голема Чешма крај езерото јужно од селото.[3]
Во XIX век, Селемли било турско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиВо основа, селото има полјоделска функција.[2]
Населението во Селемли претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните средоземни влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се произведува квалитетно вино и ракија.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Селемли имало 250 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Со растот на бројот на населението, селото преминало од мало во средно село по големина. Така, во 1961 година, Селемли имало 287 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 342 жители, од кои 311 Срби и 31 Македонец.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Селемли имало 327 жители, од кои 35 Македонци и 292 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 255 жители, од кои 43 Македонци, 191 Србин, 1 останат и 20 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | — | 207 | 161 | 287 | 303 | 321 | 336 | 342 | 327 | 255 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стојаково, во која влегувале селата Селемли и Стојаково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Стојаково се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Ѓавато и Селемли.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 370 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 225 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква во изградба, започната во 2011 г, но до 2017 година биле поставени само темелите[15]
- Археолошки наоѓалишта
- Голема Чешма — населба од доцната антика [3]
- Езера
- Селемлиско Езеро — вештачко езеро
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 268. Посетено на 11 јули 2017.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 113. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Забележано од членовите на проектот „Викиекспедиции“ за време на втората експедиција во Бојмија на 23 април 2017 година.