Добрино
Добрино — село во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје.
Добрино | |
Поглед на средното маало на Добрино со врвот Лисец на Голешница во позадината | |
Координати 41°47′54″N 21°36′29″E / 41.79833° СГШ; 21.60806° ИГД | |
Општина | Зелениково |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25036 |
Добрино на општинската карта Атарот на Добрино во рамките на општината | |
Добрино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Торбешија, во северното подножје на планината Голешница. Оддалечено е 45 километри јужно од Скопје.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство и се состои од 3 маала: горно, средно и долно.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 55 мажи муслимани, со 2 новороденчиња. Исто така бил забележан и еден маж доселеник. Се проценува дека селото во тој период имало 116 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 218 жители.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добрино живееле 240 жители, сите Албанци[4].[5]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и заедно со сите три маала има 418 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Добрино живееле 90 жители, од кои 89 Албанци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | — | 482 | 525 | 329 | 175 | 178 | 129 | 109 | 90 | 10 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиДобрино е албанско село. Според истражувањата во 1951 година, родови во селото:
- Доселеници: Љаље или Салиоски (17 к.) по потекло се од северна Албанија. Овде дошле од дебарско. Старото село од каде што потекнувале се викало Љаљ. Салиоски се викаат по предокот Сали Ќаја, кој во селото имал уште 3 браќа, Алија, Емин и Мемиш. Овде живеат од 19 век. Го знаат следното родословие. Ислам (жив на 70 год. во 1951 година) Љатиф-Сали Ќаја-Исен; Коваче (14 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија, велат дека потекнуваат од областа Мердита. Овде се доселиле кога и претходниот род. Овде се доселиле преку Косово и Качаничка Клисура, а имаат свои роднини во селата Рашче (Коваче) и Романовце. Некои во селото тврдат дека овој род има ромско потекло; Етемоски (8 к.) доселени се од северна Албанија; Караџоски (6 к.) доселени се од северна Албанија; Стефалар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Калис (4 к.) името го добиле по областа Калиса во северна Албанија, од каде што потекнуваат; Браимоски (4 к.) доселени се од северна Албанија; Пел (7 к.) живееле во посебен дел во Средно Добрино. Потекнувале од фисот Чаја во северна Албанија. Од таму се иселиле тројца браќа, најпрво населувајќи се во селото Зелениково. Го знаат следното родословие. Беџет (жив на 33 год. во 1951 година) Камил-Зумбер-Амет; Салиоски (8 к.) живееле во делот Горно Добрино. Они биле гранка од родот Љаље Салиоски, по што се одродиле.[14]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[15]
- Кале — градиште-викус од доцноантичкото време.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиОд албанското население до 1951 година околу 15 семејства се иселиле во Турција, а некои и во Скопје, Бузалково и др.[14]
Стари македонски иселеници од селото има пак во Карабуниште (Соколовци), Белештевица (Трајковци) и во Блаце (Китановци, Дојчиновци, Велковци и Матовци).[14]
Галерија
уреди-
Поглед на средното маало на Добрино со селската џамија
-
Стара селска куќа во Добрино
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Албанците биле забележани како Арнаути.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 208.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.[мртва врска]
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 . Трифуноски, Јован (1952). Поречието на Кадина Река. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |