Беловиште (Гостиварско)

село во Општина Гостивар

Беловиште (познато и како Големо Турчане) — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Беловиште
Големо Турчане

Воздушен поглед на селото Беловиште

Беловиште во рамките на Македонија
Беловиште
Местоположба на Беловиште во Македонија
Беловиште на карта

Карта

Координати 41°46′32″N 20°56′8″E / 41.77556° СГШ; 20.93556° ИГД / 41.77556; 20.93556
Регион  Полошки
Општина  Гостивар
Област Горен Полог
Население 1.208 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1230
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07004
Надм. вис. 580 м
Слава Спасовден (православните)
Беловиште на општинската карта

Атарот на Беловиште во рамките на општината
Беловиште на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди
 
Поглед на селото Беловиште

Името на селото првпат е забележано во XV век како Беловиште. Името на селото потекнува од ојконимот Белово, што може да е придавно образување од личното име Бело кое доаѓа од имињата Белимир, Белослав и случни, со додавка на апелативот иште со значење „место каде што се наоѓа(ло) Белово“.[2]

За време на отоманскиот период, селото на денешното место, наместо Беловиште било наречено Турчане. Кога подоцна северно од него било создадено ново село наречено Мало Турчане, Беловиште го добило името Големо Турчане. По настојување на селаните, во 1928 година повторно било воведена во употреба старото име Беловиште. Ова има главно се користело во администрацијата, иако мештаните од околните села долго време го нарекувале Големо Турчане.[3]

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на територијата на Општина Гостивар, недалеку од самиот град Гостивар, на оддалеченост од околу пет километри, а од десната страна на реката Лакавица.[4] Селото е рамнинско, сместено на надморска височина од околу 580 метри.[4]

Селото се наоѓа југоисточно од градот Гостивар, во подножјето на планината Сува Гора. Западно од селото поминува реката Лакавица. Водата за пиење до 1947 година се добивала од бунари и од две чешми (Горник и Аџинец). Околу селото се наоѓаат изворите Бељејнца, Радина Вода, Кошара, Ѓука, Фира и Гоедарник.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Расадиште, Фурни, Краста, Срт, Цер, Коњски Гроб, Стара Корија, Ливаѓе, Грубеа Вода, Бабин Гроб, Долно и Горно Поле, Бањичко Поле, Бањешница, Лагои, Црни Врв, Копач, Колчак, Маркои Нивје, Млака, Горник, Падишта, Бела Земја, Верушка, Џаноски Рид, Миајлоски Нивје и Грубески Рид.[3]

Беловиште е збиено село, кое до 1947 година се делело на седум маала, од кои четири биле населени со православно македонско население, а во останатите живеат муслимански Албанци. Македонците живеат во Цаноско, Јанкуловско, Еливеровско и Лекоско Маало. Албанците живеат во Кетоско, Салакоско и Неловско Маало.[3]

Историја

уреди

Беловиште во минатото било православно македонско село, кое се наоѓало околу 500 метри над денешното село. На запад и на исток од Беловиште се наоѓале шуми, поради што селото имало скриена местоположба. Во тоа старо село, понекогаш преку Сува Гора доаѓале ајдуци од соседното Порече. На почетокот на XIX век, селото се преместило на денешното место поради поплави.[3]

Западно од Беловиште, на местото каде некогаш се наоѓале лозја, се наоѓал манастир посветен на Свети Спас.[3] Денес, црквата „Св. Спас“ е обновена на местото на манастирот. Манастирот бил разрушен од отоманската војска.[3]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Лопушник

уреди

Во минатото, на околу 700 метри јужно од селото Беловиште, во подножјето на Сува Гора, се наоѓало некогашното село Лопушник. Тоа било збиено и не се делело на маала. На местото каде се создало селото претходно имало ливади, кои се викале Лопушник или Јанкуловски Ливади (по нивните сопственици). Кон крајот на XVIII, на ова место се доселиле браќата Мусли, Ислам и Уко од муслиманско-албанското село Србиново. Тие биле повикани од Македонците од Беловиште да им бидат чувари (сејмени). По доселувањето, тие со зулум купиле земјиште во Лопушник за само 60 грошеви. Така, Албанците на тоа место основале ново село.[3]

Во селото отсекогаш живееле муслимански Албанци и сите припаѓале на родот Тушевци (24 к.), кои се гранка на истоимениот род од Србиново, а по потекло од Албанија.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 391,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 236,8 хектари, а на пасиштата 156,3 хектари.[4]

Врз основа на составот на атарот селото Беловиште има полјоделска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948769—    
1953892+16.0%
19611.042+16.8%
19711.245+19.5%
19811.507+21.0%
ГодинаНас.±%
1991930−38.3%
19942.440+162.4%
20022.267−7.1%
20211.208−46.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беловиште живееле 550 жители, од кои 385 жители Македонци христијани и 165 Албанци муслимани.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Беловиште имало 440 Македонци под врховенството на патријаршијата и во него работело српско училиште.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци и 350 Македонци.[8]

Беловиште е големо село. Во 1961 година селото броело 1.042 жители, од кои 563 биле Албанци, а 469 Македонци. Во 1994 година селото имало 2.440 жители, од кои 1.461 биле Албанци, 950 Македонци и 24 жители Срби.[4]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Беловиште, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.267 жители, од кои 832 Македонци, 1.418 Албанци, 5 Роми, 1 Бошњак и 11 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.208 жители, од кои 216 Македонци, 911 Албанци, 2 Турци и 79 лица без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Беловиште:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 769
1953 381 508 2 0 1 0 0 892
1961 469 563 1 4 5 1.042
1971 363 879 0 0 0 3 1.245
1981 233 1.261 0 0 0 13 1.507
1991 867 51 0 0 10 2 930
1994 950 1.461 0 0 21 8 2.440
2002 832 1.418 0 5 0 1 11 2.267
2021 216 911 2 0 0 0 0 79 1.208

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

уреди

Беловиште е мешано село, со православно македонско население, како и муслимански Албанци.[3]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Македонски православни родови:
    • Староседелци: Аливеровци (13 к.), имаат иселеници во Кралево (едно семејство); Јанкуловци (10 к.), ја знаат следната генеологија Трпе (жив на 45 г. во 1947 година) Ристе-Трпе-Наумче-Јанкула. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Балин Дол; Џановци (3 к.), имаат иселеници во Балин Дол и во Романија (едно семејство); Богојевци (1 к.), имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Ѓорче Петров (едно семејство) и во Белград (едно семејство); Миајловци (2 к.), имаат иселеници во Обреновац (едно семејство) и во Романија (едно семејство); Миленковци (1 к.), имаат иселеници во Скопје (едно семејство), Белград (едно семејство) и во Америка (едно семејство); Лековци (8 к.), имаат иселеници во Белград (две семејства) и во Истанбул (едно семејство); Меновци (5 к.), имаат иселеници во Белград (едно семејство) и во Куршумлија (едно семејство); Грубевци (1 к.), го знаат следното родословие: Русалим (жив на 65 г. во 1947 година) Милисав-Богдан-Крсте-Грубе; Јанчевци (2 к.), имаат иселеници во Скопје (едно семејство), Гостивар (едно семејство) и во Романија (три семејства); Иљковци (1 к.), потекнуваат од предок кој живеел во старото село.
    • Доселеници: Смилевци (2 к.), доселени се од селото Требош, Тетовско; Стојчевци (2 к.), доселени се од некое полошко село. Имаат иселеници во Белград (едно семејство); Манасиовци (4 к.), доселени се однекаде; Петревци (1 к.), доселени се од селото Волковија, таму припаѓале на родот Грубановци; Сиљановци (1 к.), доселени се од селото Чајле, потекнуваат од домазет. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство); Симјановци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Куново, таму припаѓале на родот Костовци; Јановци (1 к.), доселени се од селото Долна Бањица, таму имаат истоимени роднини, право потекло од селото Пожаране.
  • Албански муслимански родови:
    • Доселеници: Кетовци (14 к.), живеат во истоименото маало, доселени се од областа Мат, Северна Албанија, а истоимени роднини имаат во Симница и во Чајле; Салаковци (9 к.), дошле преку Трново, каде имаат истоимени роднини, а по потекло се од областа Љура, Северна Албанија; Неловци (14 к.), се доселиле околу 1810 година од Трново, ја знаат следната генеологија Миртезан (жив на 40 г. во 1947 година) Исмаил-Сали-Неле (или Зендел), кој се доселил. Вистинското потекло им е од Северна Албанија; и Дрецовци (1 к.), живеат во маалото Неловци, дошле од некое полошко село, а по потекло се од Северна Албанија.

Иселеништво

уреди

Според истражувањето од 1947 година, се знае за следниве иселени македонски родови: Кољовци (4 к.), живеат во Волковија, како и Телепуќовци (2 к.), кои исто така живеат во Волковија.[3]

Општествени установи

уреди
 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Беловиште било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Гостивар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Бањица, во која покрај Беловиште се наоѓале Горна Бањица, Горна Ѓоновица, Долна Бањица, Долна Ѓоновица, Лакавица, Митрои Крсти, Симница, Сретково, Сушица и Церово. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на тогашната истоимена општина во која влегувале селата Беловиште, Куново и Лакавица.

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 428, 429 и 430 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.527 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.577 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Копач — населба од римското време; и
  • Св. Спас — вила рустика од доцноантичкиот период.
Цркви[15]
Манастири
Џамии[15]
Споменици
Реки

Редовни настани

уреди
Слави[3]
  • Спасовден — православното население на селото го одбележувало Спасовден, дури и кога не била обновена црквата

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Беловиште

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 46. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 180–183.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 17.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 214.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 122-123.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2023.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-06-10. Посетено на 31 мај 2023.
  14. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 107. ISBN 9989-649-28-6.
  15. 15,0 15,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Henryka Stasiak-Gjinovska
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Надворешни врски

уреди