Радово (Демирхисарско)

село во Општина Демир Хисар

Радово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Радово
Радово во рамките на Македонија
Радово
Местоположба на Радово во Македонија
Радово на карта

Карта

Координати 41°19′19″N 21°10′6″E / 41.32194° СГШ; 21.16833° ИГД / 41.32194; 21.16833
Општина Демир Хисар
Население 13 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 10026
Слава Арангел[2]
Радово на општинската карта

Атарот на Радово во рамките на општината
Радово на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Железник, на падините на планината Лубен. Оддалечено е 13 километри северно од Демир Хисар. Околни села се: Брезово и Кочиште од северозапад и север, Растојца и Ракитница од исток, и Суво грло и Сопотница од југ.

Историја

уреди

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948218—    
1953222+1.8%
1961179−19.4%
1971141−21.2%
198198−30.5%
ГодинаНас.±%
199126−73.5%
199428+7.7%
200213−53.6%
202113+0.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радово живееле 250 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Радово имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 51 куќа.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Радово живеат 13 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 216 218 222 179 141 98 26 28 13 13
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Радово е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[14]

  • Староседелци: Ѓоревци (4 к.), Велевци (4 к.), Петревци (2 к.), Цветановци (4 к.), Митановци (5 к.), Дупчевци (3 к.) од овој род потекнува Алексо Стефанов, и Анѓелевци (6 к.).
  • Доселеници: Мијаковци (4 к.) основачот на родот дошол како домазет од некое село во мијачкиот крај, го знаат следното родословие: Толе (жив на 65 г. во 1951 година) Блаже-Јанкула, дошол некој дедо негов.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 653 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[17]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Постари иселеници до 1951 година има во Србија (4 семејства, Крагуевац, Јабука, Парачин, Качарево), Бугарија (2 семејства), Романија (1 семејство), САД (2 семејства), Битола (7 семејства).[14]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 240.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). „Археолошка картаг на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  19. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди