Слепче (Прилепско)

село во Општина Долнени

Слепче — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Слепче

Поглед на Слепче

Слепче во рамките на Македонија
Слепче
Местоположба на Слепче во Македонија
Слепче на карта

Карта

Координати 41°30′00″N 21°27′08″E / 41.50000° СГШ; 21.45222° ИГД / 41.50000; 21.45222
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 34 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Шифра на КО 10030
Надм. вис. 700 м
Слава Свети Никола Летен
Слепче на општинската карта

Атарот на Слепче во рамките на општината
Слепче на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Слепче се наоѓа во северозападниот дел на Прилепското Поле, на територијата на Општината Долнени. Неговиот атар зафаќа површина од 16,7 км2 и широко се допира со Општина Чашка. Селото лежи на границата помеѓу планинската падина на североисток и ниското рамно земјиште на југозапад. Општо земени, околината на селото претставува ридско-планински предел од источната страна, пространо поле од западната страна, северниот и јужниот дел со помали ридови. Тоа е ридско село на надморска височина од 700 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 23 километри. Околни села се Браилово, Секирци и Гостиражни.[2]

Слепче е село од збиен тип. Куќите се групирани во три маала, кои се нарекуваат според родовските слави: Петковденска, Митровденска и Аранѓеловска. Кај Слепченскиот манастир се наоѓа позната сталактитна пештера за која во својата книга од 1896 пишувал македонскиот револуционер Ѓорче Петров.

Недалеку од селото се наоѓа железничкото стојалиште ЖС „Слепче“.

Историја

уреди

Околу 2 км северно од селото, на планината се наоѓа месноста Селиште со извор. Таму се наоѓани ќерамиди, камен од некогашни куќни ѕидови и урнатини од црква. Селаните велат: „Кој знае во кое време таму имало село. Полево сето било со ади, народот живеел на планина“. Се зборува дека на планината во шумата се воочуваат и може да се препознаат ниви и стари лозја. Недалеку од Селиште се наоѓа и месноста Иљо-Гумно.

Денешното село е основано во отоманско време. Го основале Поп-Перовци кои дошле од околината на Дебар. Во времето кога основале селото, манастирот постоел. По нив дошле предците на другите родови. Крај самото село Слепче, на северозапад се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“. Таа била мала и запуштена црква за која селаните велеле дека е изградена по основањето на денешното село.

Во отоманскиот период, на местото на селото постоел еден чифлиг кој го основал Албанецот Ислам од Црнилиште, кого селаните го повикале да го заштитува селото. Потоа се намножиле „сопствениците“ на чифлигот, па во 1912 селото било затечено со 6 чифлизи (околу една третина од атарот). Сите сопственици биле Албанци од соседното Црнилиште и се викале Алија, Бајрам, Фејзо, Рамко и Фазлија. По 1912 година селаните Македонци ја купиле земјата на чифлигот.

Стопанство

уреди

Селото Слепче има полјоделско-шумарска функција. Во атарот преовладува обработливото земјиште на површина од 705 ха, на шуми отпаѓаат 584 ха, а пасиштата се на површина од 229 ха.[2] Потези под обработено земјиште се: Бело Поле, Крушје, Арапица, Тапан, Милошица, Ргулица, Бојкоица или Тумба, Јасика, Аша-Бара, Вељаница, Чорбеница, Шапка и Дрење. Потези на необработено земјиште на планината се: Крепа, Три Буки, Вирои, Гробче, Неделска Вода, Црн Камен, Висок Мериз, Клен, Стог, Селиште и Иљо-Гумно. Населението главно се занимава со полјоделство и сточарство, а многу мал дел со шумарство. Од полјоделството, како и во целиот прилепски крај, најмногу се одгледуваат: тутун, пченица, јачмен и пченка, домати, краставици, зелени пиперки, кромид и лук. Од сточарството, во помали размери претежно се одгледуваат: овци, кози и крави. Водата за пиење се добива од чешми кои се викаат Нова Чешма, Стара Чешма, Нинаец и Горна Чешма. Во дворовите има и неколку бунари длабоки до 18 метри.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948700—    
1953732+4.6%
1961692−5.5%
1971577−16.6%
1981256−55.6%
ГодинаНас.±%
1991132−48.4%
1994102−22.7%
200268−33.3%
202134−50.0%

Во пописните дефтери од 1467/68 година, селото се споменува како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името И-с-л-п-ч и имало 26 семејства, 2 неженети и 11 вдовици, сите христијани.[3]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Слепче било село со 38 домаќинства и 200 жители Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слепче имало 420 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 240 жители Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слепче се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 68 жители, од кои 67 Македонци и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 24 Македонци, 6 Власи и 4 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 420 240 700 732 692 577 256 132 102 68 34
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Слепче е македонско село. Според истражувањата од 1955 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Поп Петревци (6 к.) они се најстар род во селото, доселени се од некое место во Дебарско; Бачковци (15 к.) и Китановци (5 к.) доселени се од некое место на запад од Прилепско. Не се знае дали се Власи или Мијаци; Козаровци (31 к.) доселени се исто како и Поп Петревци од околината на Дебар. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 65 г. во 1955 година) Тодор-Никола-Мирче-Никола, се доселил некој подалечен предок; Ѓоревци (2 к.) доселени се од областа Река во сливот на Радика, го знаат следното родословие: Анѓеле (жив на 80 г. во 1955 година) Коне-Миле-Ѓоре, подалечните предци не ги знаат; Мрсјаковци (3 к.) доселени се од селото Никодин; Марковци (2 к.) доселени се од селото Браилово; Дупевци (1 к.) доселени се од селото Жабјани; Мојсовци (1 к.) доселени се од Манастирец во Порече; Дојчиновци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Попоец, Кичевско.[15]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1480 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Манастирската црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[18]
Манастири[19]
Цркви[19]

Иселеништво

уреди

Се знае за овие иселеници од Слепче: Алексовци живеат во Жабјани. Трипуновци и Алексовци живеат во Ропотово. Козаровци живеат во Заполжани. Бачковци, Цупановци и Марковци живеат во Браилово. Од Слепче има и други иселеници во Прилеп и Скопје.

Личности

уреди
Родени во Слепче

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 274-275.
  3. Соколоски, М. и Стојаноски, А.. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ. книга 4. Скопје. стр. 72.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 мај 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  16. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 4 мај 2020.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  19. 19,0 19,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди