Маврови Анови

село во Општина Маврово и Ростуше

Маврови Анови — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Пред новата територијална поделба била седиште на истоимената општина, Општина Маврови Анови.

Маврови Анови

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Маврови Анови

Маврови Анови во рамките на Македонија
Маврови Анови
Местоположба на Маврови Анови во Македонија
Маврови Анови на карта

Карта

Координати 41°42′2″N 20°45′20″E / 41.70056° СГШ; 20.75556° ИГД / 41.70056; 20.75556
Општина  Маврово и Ростуше
Население 121 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Шифра на КО
Надм. вис. 1159 м
Маврови Анови на општинската карта

Атарот на Маврови Анови во рамките на општината
Маврови Анови на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Мала Река, на брегот на вештачкото Мавровско Езеро, меѓу шумовитите и високите планини.

Историја

уреди

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

 
Споменик во Маврови Анови посветен на 52 градежни работници на хидросистемот „Маврово“ кои на 11 февруари 1956 година загинале при снежна лавина.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948241—    
1953—    
1961191—    
1971199+4.2%
1981210+5.5%
ГодинаНас.±%
1991186−11.4%
1994183−1.6%
2002167−8.7%
2021121−27.5%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50Македонци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 167 жители, од кои 137 Македонци, 16 Турци, 10 Роми, 2 Срби и 2 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 121 жител, од кои 92 Македонци, 2 Албанци, 16 Турци, 2 Роми, 1 Влав и 8 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 241 191 199 210 186 183 167 121
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Самоуправа и политика

уреди
 
Грб на поранешната Општина Маврови Анови.
 
ЦОУ „Денче Дејановски“ во Маврови Анови

Пред новата територијална поделба Маврови Анови биле седиште на истоимената општина, Општина Маврови Анови. По новата поделба тоа потпаднало во рамките на Општина Маврово и Ростуше. Денес во Маврови Анови е сместено седиштето на Одделението за урбанизам, комунални дејности, угостителство и туризам при Општина Маврово и Ростуше.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди