Богојци
Богојци (познато како Боговица) — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа на југозападните падини на Караорман. Во близина на селото се селата Тоска и Брчево.
Историја уреди
На крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 година, селото имало 29 жители мажи муслимани.[2]
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Богојци имало 120 жители, сите Албанци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 170 жители, од кои 167 Албанци и 3 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 65 Албанци, 1 Турчин и 8 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | — | 185 | 208 | 202 | 228 | 189 | 0 | 156 | 170 | 74 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови уреди
Богојци е албанско село.
Родови во селото се: Селмани (9 к.), Авдија (5 к.) и Белули (12 к.) доселени се од неко— село во областа Голо Брдо (во Албанија). Првите два рода потекнуваат од браќата Селман и Авдија, додека третиот род потекнува од нивниот роднина Белул. Предците на овие три рода се доселени околу 1850-60, поради крвна одмазда.[10]
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јован, Трифуноски (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
Надворешни врски уреди
- Сателитска снимка на Богојци на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |