Церово (Гостиварско)
Церово — село во Општина Маврово и Ростуше, областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на 10 километри од Гостивар, недалеку од патот Гостивар - Кичево. Североисточно селото допира до падините на Бистра, а југоисточно се издига Буковиќ. Има водовод изграден со самопридонес и асфалтиран пат кој води до селото.
ИсторијаУреди
За време на Втората светска војна сите села во околијата беа запалани од страна на балистот Џемо освен Церово, бидејќи тој како дете таму бил говедарче. Во селото постои и училиште кое сега не работи бидејќи во селото нема речиси постојани жители.
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Церово живееле 240 жители, сите Македонци.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 19 жители, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | — | 225 | 255 | 186 | 107 | 43 | 13 | 17 | 19 | 14 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
РодовиУреди
Церово е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Тримовци (1 к.), староседелци. Старото име им е Печеновци.
- Новевци (2 к.), староседелци. И на нив старото име им е Печеновци. Со Тримовци порано чинеле еден род. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство).
- Софевци (2 к.), староседелци.
- Богдановци (5 к.), староседелци. од родот Богдановци потекнувал познатиот Богдан, за кој се збори дека бил голем јунак и од ништо не се плашел, исто така бил и прв во стрелаштво, тој исто така бил современик и на познатиот Пепо од Ново Село. Во Богдановци го знаат следното родословие: Спиро (жив на 67 г. во 1946 година) Богдан-Маџо, за понатамошните предци не знаат. Имаат иселеници во Вруток и Сретково.
- Трпевци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Сретково и во Сомбор (едно семејство).
- Влкановци (7 к.), староседелци. Имаат иселеници во Ваљево (едно семејство) и во Истанбул (едно семејство).
- Столевци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тајмиште.
- Бибовци (3 к.), староседелци. Од нив најпрво се иселиле во Тетово, па од таму во Алексинац (едно семејство).
- Симјановци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Белград (две семејства).
- Ивановци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници од Церово во Долна Баница, па од таму во Војводина (едно семејство).
- Иљовци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Смедерево (едно семејство).
- Божиновци (1 к.) доселени се од селото Горна Ѓоновица;
- Спировци (1 к.) стари доселени, доселени се од некое место во Албанија;
- Десовци (1 к.) доселени се од селото Горно Јеловце, се доселил предокот како домазет.[8]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ - Церово[9] - изградена во 2009 година на старите темели на кои датираат од 1864 година
- Црква „Св. Петка“ - Церово - осветена на 25 октомври 2015 година. Ктитори се Димчо и Даниела Трпески;[10]
Познати личностиУреди
Јове Апостолоски
Редовни настаниУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Повеќето жители се иселени во Гостивар, дел во Скопје и во Србија.
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 213.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 216-217–218-219.
- ↑ „Осветена возбоновенета црква „Св. Никола" во гостиварско Церово“. МИА. 16 мај 2009. Посетено на 2010-04-30.
- ↑ „светување на новиот храм „Св. Петка" с. Церово-Гостиварско“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-10-28.