Бунарџик
Бунарџик — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
Бунарџик | |
Координати 41°59′35″N 21°37′0″E / 41.99306° N; 21.61667° EКоординати: 41°59′35″N 21°37′0″E / 41.99306° N; 21.61667° E | |
Општина | Илиден |
Население | 352 жители жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25022 |
Географиja и местоположбаУреди
Бунарџик се наоѓа на левата страна од автопатот Е - 75 - Скопје - Куманово, 10 км источно од главниот град Скопје. географска локација: Илинден, Скопје, Македонија, Европа Географски координати: 41 ° 59 '36 "North, 21 ° 37' 1" Исток
Местото има соодветна раскрсница на автопатот со врска во двете насоки. Автопатот е паралелен на железничката пруга Скопје - Куманово. Во местото Миладиновци на 500 м од локацијата има железничка станица. Аеродромот Петровец е сместен на 3 км оддалеченост од локацијата.
ИсториjaУреди
СтопанствоУреди
Technological Industrial Development Zone "Bunardzik"-Технолошка индустриска развојна зона "Бунарџик"
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Бунарџик живееле 75 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунарџик имало 85 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 352 жители, од кои 349 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 75[1] | 85[2] | 281 | 339 | 333 | 255 | 281 | 346 | 334 | 352 |
РодовиУреди
Бунарџик e македонско село.
Според истражувањата од 1961 година, родови во Бунарџик се:
- Доселеници: Златановци (11 к.) доселени се од селото Дивле, таму биле староседелци. Го знаат следното родословие: Цветан (жив на 90 г. во 1961 година) Ристо-Златан, основачот на родот кој се доселил; Чадлевци (5 к.) доселени се однекаде; Коњарци или Филиповци (5 к.) доселени се од селото Горно Коњари; Качаровци (5 к.) и Роглевци (3 к.) доселени се од селото Инџиково; Петковци (4 к.), Анѓелковци (2 к.), Пешевци (4 к.) и Ивковци (5 к.) доселени се од селото Ајватовци, подалечно потекло непознато; Бојан (1 к.), Тодор (1 к.), Младен (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се во 1953 година од селото Црноштица кај Босилеград (Србија). Останатите родови во селото живеат од турско време.[4]
Општествени установиУреди
Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Роберт Петковски, Македонски Бранител, припадник на БСН Волци, еден од загинатите во масакрот кај Вејце во 2001 година
Култура и спортУреди
ФК Бунарџик. Во овој клуб својата кариера ја има почнато Горан Христовски, поранешен младински репрезентативец на Македонија.
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
Надворешни врскиУреди
„Бунарџик“ на Ризницата ? |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |