Паралово
Паралово — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија и местоположбаУреди
Селото е сместено во крајниот источен дел на Битолското Поле, на западните падини на Селечка Планина, оддалечено 24 километри источно од Битола и 9 километри југоисточно од Новаци.
ИсторијаУреди
Во XIX век, Паралово било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Паралово живееле 195 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Паралово имало 172 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Селото броело 213 жители во 1961 година, додека во 1994 година живеат само 17 жители.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 5 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 195[1] | 172[2] | 177 | 211 | 213 | 149 | 129 | 21 | 17 | 5 |
РодовиУреди
Паралово е македонско православно село.
Според податоците од 1956 година, родови во селото се:[5]
- Староседелци: Мојановци (8 к.), Клечковци (1 к.) и Миленковци (1 к.) најстари три рода во селото.
- Доселеници: Коруновци (6 к.) доселени се од селото Мегленци. Таму биле староседелци; Магевци или Тапановци (4 к.) доселени се од селото Грнчари во Преспа; Симоновци (2 к.) за нив се мисли дека се доселени од селото Мегленци; Ричковци (1 к.) доселени се од селото Грумази. Таму имаат роднини; Угревци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Пожарско во Меглен (воденско).
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 168 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на општината. Во изборното место се опфатени населените места: Паралово, Долно Орехово, Врањевци, Грумази.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 66 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[8]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главната селска црква;
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква;
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Мавер — некропола од доцноантичко време;
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Починати
- Ѓорѓи Сугарев, македонски револуционер.
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Од ова село иселеници има во Суводол (Поповци), Добрушево (Параловци), Големо Коњари (Параловци). Од родот Миленковци иселеници има во Лерин (едно семејство) и Битола (две семејства). Од родот Симоновци иселеници има во Новаци (Котевци).[5]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 237
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован Ф., 1914-1997. (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 86-7025-267-8. OCLC 469501519.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069