Крњево маало било познато по старата воена болница “Полумесечина”. На крајот од Болницата се наоѓала Кумановската трошарина каде што била и Стара нова бања. Во Стара нова бања се бањале девојките и момчињата пред армасување. Таа била маалска бања, каде што мажите се бањале во вторник, а жените во сабота. Во останатите денови од неделата, жителите на ова маало се бањале дома во корито. Друго обележје на ова маало била познатата Саат кула. Маалото Крњево е познато и по многумина занаетчии родени во ова маало: Борислав Стоилковски- Раштавец, автолимар, Киро Стојановски, брат на народниот херој Коце Стојановски - Металец и Славе Атанасовски, работник и др. Во маалото имало бавчи за тутун, афион, арпаџик, житарици, најубави овошки, градини за ран зеленчук, леи под стакло од каде што се снабдувале скопските пазари. Во маалото Крњево имало најмногу кафеани, како “Врњци”, “Жарла”, “Гавро”, “Алки”, “Светозар” (бордел со кукли - лесни жени) каде што се организирале игранки за млади луѓе. Тука свирел Александар Сариевски, “Саријата”, прочуен пејач на македонски народни песни. На двата брега на р. Вардар се наоѓале плажи, кои крњевчани ги делеле со маџирмаалците. Не помалку е интересна и подолу наведената одлика и за маалото Крњево и за р. Вардар:”... во нескротливиот и чист како солза Вардар, од чии води Севдо - Страхил, последниот член на злогласните предвоени “Црни браќа”, ги вадел најголемите бојници, кленови, мрени... па и по некој заскитан сом. “

Добри страни уреди

-Крњево се наоѓа во средиштето помеѓу Универзитет Св. Кирил и Методиј и Скопскиот Саем, од една страна и булевар Александар Македонски и кејот на реката Вардар кај МРТВ и МКЦ, од друга страна. Неговата местоположба е идеална зашто се наоѓа во прометен дел на градот, во централно подрачје, близу до сите потребни објекти и локации. - Во близина на реонот се наоѓа Бит-пазар со што е олеснато пазарувањето, посебно за постарите луѓе, но и во маалото има неколку продавници кои располагаат со дневни колонијални производи. - По булеварот Гоце Делчев се обраќаат приватните и јавните автобуси на линијата со бројот "12", а на овој простор не е проблем да се најде такси во било кое време од денот или ноќта. - Општина Центар со помош од месните жители има направено на две места катчиња за одмор каде што е овозможено прекрасно дружење како на постарите, така и на младите. - Во овој простор постои и заградено игралиште за кошарка и за мал фудбал.Развиено е и малото стопанство.Има неколку автоперални (SOS),авто-лимарски и механичарски сервиси за автомобили (Крос, Кенан-Ј, авто-гас Крњево...), влечна служба (Бадник) и хотел (Вип). - Близу е и трговскиот центар Мавровка, каде има две интернет кафиња, бутици, сендвичари, фотокопири, а во Судската палата се наоѓа и Пошта. - Не е проблем ниту за меѓуградскиот сообраќај. Оние коишто сакаат да патуваат не мора да одат до меѓуградската автобуска станица, зашто пред Скопскиот Саем сопираат сите автобуси. - Години наназад во маалото живеат заедно Македонци, Албанци, Турци и мал број на Босанци, што го чини Крњево мулти-етничко.

Лоши страни уреди

-Најголемиот проблем за жителите на овој дел од градот Скопје претставува урбанизацијата. И покрај донесениот Детален урбанистички план, Општина Центар сè уште ја нема решено инфраструктурата (поставување на нова атмосферска и фекална канализација, електрични кабли под земја и сл. како би можеле заинтересираните градежни инвеститори да започнат со реализација на своите проекти. - Најголеми проблеми на овој простор претставува и близината на "Јавната куќа", ако така може да се нарече просторот пред МРТВ и МКЦ каде навечер може да се забележат повеќе женски лица кои за пари го нудат своето тело и на тој начин заработуваат.

Урбана заедница - Крњево уреди

Во рамките на маалото-населба Крњево функционира Урбана заедница - Крњево која е основана со одлука за свикување собир на граѓани бр. 08-1051/1 од 02.04.2009 година од градоначалникот на Општина Центар Виолета Аларова и со одлука бр. 08-1051/2 на Советот на Урбана заедница - Крњево. Со одлука на Советот на Урбана заедница - Крњево , Претседател на оваа Урбана заедница е Влатко Митковски, член на Советот и постојан жител на оваа населба.

Надворешни врски уреди