Маџари

село во Општина Гази Баба

Маџари — населба во Скопје, во рамките на Општина Гази Баба.

Маџари
Madžari 01.JPG

Влезен знак на населбата

Маџари во рамките на Македонија
Маџари
Местоположба на Маџари во Македонија
Маџари на интерактивна карта

Карта

Координати 41°59′57″N 21°29′42″E / 41.99917° СГШ; 21.49500° ИГД / 41.99917; 21.49500Координати: 41°59′57″N 21°29′42″E / 41.99917° СГШ; 21.49500° ИГД / 41.99917; 21.49500
Регион Скопски
Општина Гази Баба
Област Скопско Поле
Население 12.874[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 1040
Шифра на КО 25083
Надм. вис. 236 м
Маџари на општинската карта
Маџари во Општина Гази Баба.svg

Атарот на Маџари во рамките на општината
Commons-logo.svg Маџари на Ризницата
Изградба на монтажни станови во Маџари по Скопскиот земјотрес во 1963 г.

ИсторијаУреди

Местото е населено уште од новото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Тумба.

На крајот на XIX век Маџари било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маџари живееле 120 Македонци христијани.[3][4]

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Маџари имало 128 жители, сите Македонци.[3][5]

По Првата светска војна селото е преименувано во Душановац. Согласно државната политика за колонизирање на Вардарска Македонија, во селото е создадена колонија претежно од доселени Херцеговци.[6]

Во 1925 г. на местото на старата трошна црква е изграден храмот „Свети Спас“ („Вознесение Христово“). Во 1992 г. населението полнало да го преградува храмот од темел.[7]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го завел Маџарлик (Madžarlik) како село со нејасен етнички состав.[8]

НаселениеУреди

Според последниот попис од 2002 година, Маџари има 12.874 жители.[1]

Следува табелa на националната структура на населението[9]

Народ Жители
Македонци 11.45
Албанци 199
Турци 111
Роми 477
Власи 62
Срби 440
Бошњаци 169
останати 171

Населението низ историјатаУреди

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 128 996 1.589 3.246 12.874
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


РодовиУреди

Маџари е мешана населба, во минатото Маџари било село, но со тек на време станало населба.

Според податоците од 1950-тите родови во Маџари се.

  • Македонски родови: Косолиовци (12 к.) доселени се од Косово. Се сметаат за многу стари доселеници; Кимовци (9 к.), Грујовци (6 к.) и Златановци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде; Неслатковци (5 к.) доселени се во турско време од Долно Лисиче, таму имаат истоимени роднини, кои се староседелци; Чадлевци (3 к.) доселени се на крајот на 19 век од селото Кадино; Чорбевци (3 к.) и Станковци (9 к.) доселени се од селото Јурумлери; Димковци (3 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Инџиково; Амиловци (2 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Горно Лисиче; Чапкуновци (7 к.) доселени се од соседното селото Ќерамидница; Пацини (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Булачани; Караџини (5 к.) доселени се од селото Галичник, тука живеат од почетокот на 20 век; Корџовци (2 к.) доселени се од Долно Водно; Солњани (2 к.) доселени се од некое од селата Соње кај Водно; Баба Витини (1 к.) доселени се во 1940 година од селото Башино Село кај Велес; Дебрани или Мерџановци (2 к.) доселени се во 1939 година од околината на Дебар; Црногорци (2 к.) доселени се после Втората светска војна од селото Бродец на Скопска Црна Гора; Раштевци или Јовчевци (1 к.) доселени се од селото Раштак; Булачанци (4 к.) доселени се од селото Булачани, тука ги населиле бугарските власти во текот на Втората светска војна; Црешевчани (1 к.) доселени се од селото Црешево; Галичани (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Галичник, гранка се од родот Караџинци; Цветан Четник (1 к.) по потекло од Црешево. Овде населен од бугарските власти во текот на Втората светска војна; Велешани (5 к.) доселени се од Оризари кај Велес; Паланчани (4 к.) доселени се во 1948 година од некое село кај Крива Паланка; Исајловци (1 к.) доселени се од Баница кај Гостивар; Илија Ташак (1 к.) доселен од Скопје.
  • Српски родови: Ѓуриќи (5 к.), Беатовиќи (4 к.) и Церовиќи (1 к.) доселени се од Херцеговина, овде дошле после 1918 година; Војводиќи (1 к.) доселени се од околината на Прокупље; Кокановиќи (1 к.) доселени се после Првата светска војна од Црна Гора; Радуловиќи (1 к.) не знаат од каде се доселени; Марјановиќи (3 к.) доселени се од некаде од Србија; Митиќи (5 к.) доселени се во 1936 година од околината на Ниш, ги викаат и Нишлији; Пејиќи (2 к.) доселени се во 1936 година од селото Црн Врв во околината на Лесковац; Врањанци (3 к.) доселени се во 1940 година од околината на Врање.
  • Ромски родови: Еминовци (5 к.), Едиповци (2 к.), Бафтијар (1 к.) и Баба Рефкији (2 к.) доселени се од Јурумлери, во Маџари живеат од околу 1912 година; Џемаил (1 к.) и Абазовци (5 к.) од Долно Лисиче се; Јонуз (1 к.) доселени се од Јурумлери; Сефедин (1 к.) доселени се од Сингелиќ (денес Ченто); Приштинци (1 к.) доселени се од Приштина, Косово.
  • Останати: Ѓоко (1 к.), Тодор (1 к.), Никола (1 к.) и Иван Козар (1 к.) Руси се, доселени се од Русија, овде живеат од 1938 година; Пепи (1 к.) Словенец, доселен од Словенија, овде е од 1945 година.[14]

Општествени установиУреди

 
Црквата „Св. Спас“

Верски објектиУреди

ОбразованиеУреди

СпортУреди

Културно-историска оставнинаУреди

Археолошки наоѓалишта[16]

ЛичностиУреди

Личности родени во Маџари:

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.206
  5. Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.
  6. Палешутски, Костадин (1983). Македонският въпрос в буржоазна Югославия 1918 – 1941. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 26. Посетено на 30 јануари 2014.
  7. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2017-06-14.
  8. Leonhard Schultze Jena. „Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder“, Jena, G. Fischer, 1927
  9. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2018-01-03.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле. Скопје.
  15. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 378-379. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врскиУреди