Водоврати

село во Општина Градско


Водоврати — село во Општина Градско, во околината на градот Неготино.

Водоврати
Водоврати во рамките на Македонија
Водоврати
Местоположба на Водоврати во Македонија
Водоврати на интерактивна карта

Карта

Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Градско
Население 361 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29013
Водоврати на општинската карта
Водоврати во Општина Градско.svg

Атарот на Водоврати во рамките на општината
Commons-logo.svg Водоврати на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Водоврати се наоѓа во областа Клепа, оддалечено 24 километри северно од Кавадарци, 25 километри северозападно од Неготино, 27 километри јужно од Велес и 6 километри западно од општинскиот центар Градско.

ИсторијаУреди

СтопанствоУреди

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948554—    
1953652+17.7%
1961346−46.9%
1971414+19.7%
1981399−3.6%
ГодинаНас.±%
1991374−6.3%
1994319−14.7%
2002379+18.8%
2021361−4.7%

На пописот од 2002 година, селото имало 379 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 361 жител, од кои 63 Македонци, 9 Албанци, 24 Турци, 101 Ром, 131 Бошњак, 10 останати и 23 лица без податоци.[3]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 ... 554
1953 5 635 6 5 ... 1 652
1961 1 11 298 ... ... 5 ... 31 346
1971 89 20 109 6 ... 3 ... 187 414
1981 87 39 13 6 ... 254 399
1991 84 10 17 34 3 ... 226 374
1994 57 10 16 48 3 ... 185 319
2002 60 13 16 79 4 192 15 379
2021 63 9 24 101 131 10 23 361

Жителите кои се попишани како останати, всушност се Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 немало можност за самоопределување на бошњачки народ.

РодовиУреди

Ова село било во минатото целосно муслиманско, а и сега преовладуваат муслимански родови во селото.

Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:

  • Муслимански родови: Крмовци (7 к.), Кудовци (22 к.), Фејзовци (8 к.), Максудовци (9 к.), Месковци (16 к.), Спајиовци (8 к.), Шајиновци (16 к.), Џемовци (5 к.), Беќировци (9 к.), Мутевци (8 к.), Оџевци (3 к.), Екшовци (5 к.), Халимовци (7 к.), Јачевци (2 к.) и Аџијовци (3 к.) сите наведени родови во селото биле староседелски; Арнаутчевци (19 к.) се делат на Муаремовци, Абдијовци и Саитовци. Нивното потекло е албанско. Доселени се на почетокот од XVIII век од околината на Колоња во јужна Албанија; Маџировци (1 к.) доселени се во 1878 година од Ловеч во Бугарија; Писовци (1 к.) доселени се од селото Виничани во 1900 година.[5]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2224 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитостиУреди

Археолошки наоѓалишта
  • Видин — населба од бронзено и раноантичко време, каде бил древномакедонскиот град Аргос
  • Водовратски Пат — некропола од бронзено и железно време
  • Главје — населба од неолитско време
  • Мелништа — населба и некропола од доцноантичко време
  • Црква — црква и некропола од средниот век
  • Црквиште — осамен наод од римско време

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врскиУреди