Ново Село (Скопско)
Ново Село — населба во Општина Ѓорче Петров, во градот Скопје.
Ново Село | |
Поглед кон Ново Село | |
Координати 42°01′09.49″N 21°21′21.68″E / 42.0193028° СГШ; 21.3560222° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Ѓорче Петров |
Население | 1.264 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1060 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25847 |
Надм. вис. | 259 м |
Ново Село на општинската карта Атарот на Ново Село во рамките на општината | |
Ново Село на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во западниот дел на Скопската Котлина. Лежи северно од населбата Ѓорче Петров и јужно од Волково. Практично е споено со Даме Груев на југ и Кисела Јабука на север.
Во западниот дел на атарот, преку железничката пруга е маалото Машиче, а на југоозапад се издига Оризарски Рид.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Јени Чифлик и било христијанско, со 19 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 75 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 162 жители.[2]
На крајот од XIX век Ново Село било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ново Село живееле 80 Бугари[3] христијани.[4][5]
Во селото работеле двете најголеми странски пропаганди. Според бугарски извори од 1903 г. целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија, нарекувајќи го „србоманско“.[6] Според патријаршискиот митрополит Фирмилијан во 1902 г. во селото имало 27 „српски“ патријаршистички куќи.[7] Согласно сознанијата, бугарската пропаганда потоа ја истиснала српската. Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ново Село има 320 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[4][8]
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 135 жители. Било дел од Општина Бардовци.[9]
На етничката карта од 1927 година Леонард Шулце Јена го покажува Ново Село (Novoselo) како село со нејасен етнички состав.[10]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележил Ново Село двапати — еднаш како македонско село и еднаш како село со нејасен етнички состав.[4][11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[12]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На пописот од 2002 година, селото имало 8.349 жители, од кои 7.082 Македонци, 14 Албанци, 26 Турци, 869 Роми, 14 Власи, 274 Срби, 5 Бошњаци и 68 останати.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.264 жители, од кои 1.176 Македонци, 2 Албанци, 41 Србин и 45 лица без податоци.[14]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 508 | 320 | 317 | 355 | 919 | — | — | — | — | 8.349 | 1.176 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Богоја Стевковски (1915-1945) - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[19]
- Ангел Маневски (1921-1945) - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Македонците биле забележани како Бугари.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 208. ISBN 954430424X.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296.
- ↑ Извештај на скопскиот митрополит за бројот на куќи под негово водство, 1902 г.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 131. На
|first=
му недостасува|last=
(help)