Ратае
Ратае — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.
Ратае | |
Координати 42°2′7″N 21°2′15″E / 42.03528°N 21.03750°E | |
Регион | Долни Полог |
Општина | Јегуновце |
Население | 401 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1228 |
Шифра на КО | 28066 |
![]() |
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 11 километри североисточно од Тетово.
Историја
уредиВо пишани документи наоѓаме дека е стара-прастара населба, која потекнува од XIII век.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Голем дел од месното население на село Ратае потекнува од пограничното село Горанце, денес во Косово, како и од гостиварското село Дуф.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ратае живееле 129 жители, од кои 105 Македонци и 24 Албанци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратае имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, во селото имало 16 куќи и 232 жители, Македонци и Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 411 жители, од кои 410 Македонци и 1 Србин.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 401 жител, од кои 385 Македонци, 8 Срби и 8 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 129 | 80 | 313 | 376 | 398 | 395 | 420 | 429 | 403 | 411 | 401 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиРатае е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Староседелци: Будимоски (3 к.), најстар род во селото
- Со непознато потекло: Димкоски (2 к.) имаат иселеници во Ниш (едно семејство) и во Белград (едно семејство); Наумоски (2 к.); Стаменкоски (3 к.); Атлески (3 к.) имале иселеници во Тетово кои изумреле; Димитрески (3 к.); Тасевци (1 к.), .
- Доселеници: Тошески (4 к.) доселени се од селото Челопеци. Го знаат следното родословие: Цветан (жив на 38 г. во 1947 година) Анто-Стојан, предокот кој се доселил; Китаноски (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Рогачево; Мисајлоски (1 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село; Маркоќевци (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Драјчиќи во Косово; Мисајлоски 2 (1 к.) доселени се од селото Јелошник; Петкоски (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Горно Село во Косово; Синадиноски (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Доброште, таму биле староседелци; Вучески (6 к.) доселени се во 1919 година од селото Горанце кај Качаник (Косово); Видоески (1 к.) доселени се во 1921 година од селото Рогачево, таму им биле роднини Грујовци; Јовчески (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Вратница, таму им биле роднини Костанаќевци; Цветкоски (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Галате, Гостиварско. Таму им биле роднини Мировци; Станисавци (1 к.) доселени се од селото Вратница, таму имаат истоимени роднини.[12]
Општествени установи
уреди- Цркви
- Црква „Св. Сава“ - Ратае - изградена во 1925 година
- Црква „Св. Атанасиј“ - Ратае[13]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2116 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 348 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Поставен камен темелник за црковен базен во дворот на црквата Свети Атанасиј во Ратае“. КИСС ТВ. 12 август 2007. Посетено на 2010-04-29.[мртва врска]
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.