Малино

село во Општина Свети Николе

Малино — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Малино

Поглед кон селото

Малино во рамките на Македонија
Малино
Местоположба на Малино во Македонија
Малино на карта

Карта

Координати 41°56′42″N 21°52′54″E / 41.94500° СГШ; 21.88167° ИГД / 41.94500; 21.88167
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 20 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24020
Надм. вис. 470 м
Слава Спасовден
Малино на општинската карта

Атарот на Малино во рамките на општината
Малино на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во областа Овче Поле, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Куманово.[2] Селото е рамнинско-ридско, на надморска височина од 470 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 15 километри.[2] Сместено е на јужните ограноци на Градиштанска Планина.

Малино е сместено на котлинскиот раб, во северозападниот дел на Овче Поле. Околни села се: Крушица, Алакинци, Живиње и Сушица. Во минатото селото поседувало десетина бунари, а мештаните ја користеле и селската чешма. На атарот на селото се наоѓаат и изворите Жлеб, Длабоки Дол и Толчаци.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Средни Рид, Трсје, Курел, Трн Јачи, Широки Дол, Уши, Гробје, Црвени Локви, Орман, Голема Страна, Сејменски Рид, Смркуљ, Бела Чука, Камилешка Падина, Врањак, Голи Рид, Корија, Пударница, Стари Лозја, Авлија, Кртица, Поза-Рид, Св. Петка и Маџирски Гробишта.[3]

Селото има збиен тип. Селото е поделено на два спротивни дела, кои се одвоени со долина. Во нив се раздвојуваат поединечни родовски групи на куќи, како што се Неделковци, Антеви и други.[3]

Малино се наоѓа лево од автопатот А4, а во непосредна близина поминува регионалниот пат Скопје-Свети Николе, со кој е поврзано со земјен пат.

Историја

уреди

Според кажувањата на мештаните, на месноста Поза-Рид се наоѓала стара наслеба, која била западно од денешното село. На месноста биле ископувани пари, темели од куќи и гробови.[3]

На почетокот на XIX век во селото имало 7 македонски домаќинства, но не знае дали тие биле староседелци или се доселиле.[3]

Во минатото селото имало важна сообраќајна местоположба. Од запад доаѓал скопскиот пат, кој се раздвојувал на два крака: едниот преку Свети Николе одел за Штип, додека другиот преку Мездра и Мечкуевци одел за Кочани. Над селото, на атарската граница со Сушица, постоела кула за заштита на сообраќајот. Поради ова, во селото имало и 7 анови.[3]

Во 1878 година, во селото биле доселени 7 муслимански мухаџирски домаќинства, кои говореле „нашински“ (веројатно биле Помаци). Живееле во посебно маало во селото, чија месност и денес се нарекува Маџирски Куќи (се сретнуваат остатоци од ѕидови). Гробиштата им се наоѓаат на местото Маџирски Гробишта, источно од селото. Околу 1900 година, овие жители се отселиле некаде.

Стопанство

уреди
 
Амбари во селото

Атарот зафаќа простор од 18,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 938 хектари, на шумите отпаѓаат 440 хектари, а на пасиштата 370 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во селото работела земјоделска задруга и услужни објекти.[2]

До крајот на отоманската власт, целото земјиште било поделено на три чифлици, кои ги држеле Мисим, Селамн и Аџи Умер. Првите двајца биле од Куманово, а третиот од Скопје. Чифлиците биле продадени на селаните од страна на нивните селани во периодот 1910-1912 година. Во селото имало и „влашки чифлиг“, кој останал во посед на Власите до крајот на Втората светска војна.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948720—    
1953657−8.8%
1961534−18.7%
1971300−43.8%
1981139−53.7%
ГодинаНас.±%
199176−45.3%
199468−10.5%
200245−33.8%
202120−55.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Малино имало 364 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Малино имало 480 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]

Малино во 1961 година броело 534 жители, а во 1994 година преминало во мало село, со 68 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Малино живееле 45 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 18 Македонци и 2 Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 364 480 720 657 534 300 139 76 68 45 20
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Малино е чисто македонско православно село, во селото има стари родови и нови.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Стари родови се: Неделковци (27 к.), Антовци (15 к.), Стојковци (8 к.) и Девеџинци (5 к.), овие родови потекнуваат од некогашните седум селски куќи. Не се знае дали се староседелци или се доселени. Една група на родот Стојковци се нарекуваат Кубурци.
  • Доселени родови до крајот на турското владеење се: Шошевци (5 к.), доселени се од некое село во Скопска Блатија; Левковци (5 к.), доселени се во XIX век од селото Алакинци; Голубовци (6 к.), доселени се од селото Текија, кај Скопје; Пиклевци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Катланово, кај Скопје.
  • Родови доселени од 1923 натака: Крстевци (3 к.) и Стојковци (2 к.), доселени се од селото Петралица, кај Крива Паланка; Атанасовци (1 к.), доселени се од селото Станча, кај Крива Паланка; Алексовци (1 к.) и Маџо (1 к.), доселени се од околината на Кратово, првите од Талашманце, другите од Крилатица; Врањанци (1 к.), доселени се од Брезовица, кај Врање; Ристовци (1 к.), доселени се од П’клиште, кај Куманово; Начевци (1 к.), доселени се од Кокошиње; Тодоровци (1 к.), доселени се од Горобинци, таму биле доселени од околината на Босилеград; Китановци (1 к.), доселени се од Длабочица, Горна Пчиња; Цветановци (1 к.), доселени се од Герман, кај Крива Паланка.

Иселеништво

уреди

Најмногу иселеници има во Куманово (10 к.) и Скопје (5 к.). Во Куманово има многу иселеници од родот Неделковци.[3]

Општествени установи

уреди
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Малино било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орашац, во која покрај селото Малино, се наоѓале и селата Алакинци, Вакав, Винце, Д’лга, Доброшане, Живиње, Колицко, Орашац, Пчиња, Скачковце и Шупли Камен. Селото било седиште на некогашната Општина Малино во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Алакинци, Живиње, Колицко, Крушица и Малино.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1691 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватен објект во селото Малино.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]
Свети крстови
  • Крст на Света Троица

Редовни настани

уреди
Слави[3]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Малино

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 188. Посетено на 8 април 2021.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 724–726.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 215.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 126-127.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 април 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 21 март 2021.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 353. ISBN 9989-649-28-6.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО С. МАЛИНО – СВЕТИ НИКОЛЕ. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 2016-09-23.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди