Власиќи

село во Општина Центар Жупа

Власиќи — раселено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Власиќи

Воздушен поглед на некогашното место на селото Власиќи

Власиќи во рамките на Македонија
Власиќи
Местоположба на Власиќи во Македонија
Власиќи на карта

Карта

Координати 41°28′36″N 20°31′30″E / 41.47667° СГШ; 20.52500° ИГД / 41.47667; 20.52500
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 590 м
Власиќи на општинската карта

Атарот на Власиќи во рамките на општината
Власиќи на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено на источниот брег на Дебарското Езеро.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 590 метри.[2]

До селото води локален земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249, кој како асфалтиран води до селото Голем Папрадник.

Историја

уреди

Името на селото потекнува од времето на миграцискиот бран на доселување на Власи од Албанија во Дебарско кон крајот на XVII век. Покрај Власиќи, од Власите е основано и маалото Влаовци во селото Рајчица.

Денес, селото е иселено и последните жители го напуштиле истото пред 1953 година.

Стопанство

уреди

Атарот на селото е всушност дел од поголемиот атар на селото Голем Папрадник, па затоа за Власиќи нема издвоени податоци.[2]

Население

уреди

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 7 домаќинства со 55 жители муслимани (Македонци) и 10 христијани (Македонци).[3]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Власиќи имало 65 жители, сите Македонци, од кои 10 православни и 55 муслимани.[4]

Селото е раселено уште пред 1953 година.[2]

Според пописите од 2002 година[5] и од 2021 година, селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 65 [б 1] [б 1] [б 1] 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Самоуправа и политика

уреди
 
Поглед на месноста на некогашното село и Дебарското Езеро

Кон крајот на XIX век, Власиќи било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци. Во овој период, селото било дел од селото Голем Папрадник.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0557 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Оџовци.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 217 гласачи.[11] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 224 гласачи.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 56.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-22. Посетено на 22 јануари 2023.
Забелешки
  1. 1,0 1,1 1,2 Податоците за населеното место Власиќи, согласно важечката територијална организација, во пописите од 1948, 1953 и 1961 година се вклучени во податоците за населеното место Голем Папрадник.

Надворешни врски

уреди