Свето Митрани
Свето Митрани — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Свето Митрани | |
Сретселото со селската црква „Вознесение Христово“ | |
Координати 41°19′17″N 21°18′18″E / 41.32139° СГШ; 21.30500° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Крушево |
Население | 357 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7524 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 16022 |
Надм. вис. | 640 м |
Свето Митрани на општинската карта Атарот на Свето Митрани во рамките на општината | |
Свето Митрани на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во југоисточниот понизок дел на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кривогаштани.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри. Од градот Крушево селото е оддалечено 12 километри.[2]
Свето Митрани се наоѓа на допирот на планинската падина на запад и котлинската рамнина на исток. Овие површини биле погодни за мештаните да го развиваат сточарството и земјоделството. Во минатото, водата за пиење се добивала од слаби извори соѕидани во чешми и од бунари.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бачилиште, Марин Дол, Козарница, Здравеа Нива, Солиште, Езериште, Димова Нива, Грчки Кладенец, Секулеи Колиби, Забелски Пат, Рупа, Ристеа Чешма, Голиња, Гол Присој, Бобарски Гробишта, Котлиње, Гајок, Сува Ливада, Рабачица, Чаир, Влкоа Дупка, Слепо Патче, Мајминица, Ќерамидница, Преко Ливада, Патничица, Дојчеица, Орлов Даб, Станчејца, Стеже, Дабје и Ѓупски Пат.[3]
Селото има збиен тип, поделено на две маала: Долно и Горно Маало. Маалата се незначително оддалечени едно од друго. Маалата понатаму се поделени на помали родовски куќи.[3]
Историја
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Свети Димитри и имало 57 семејства, 3 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[4]
Сепак, според денешното население, селото потекнува од XVIII век. Некои старини наведуваат дека селото постоело доста порано. Над селото се наоѓа црквиштето „Св. Никола“. Во 1952 година од црквата се забележувале остатоци од ѕидови, а во поново време црквата е целосно обновена. Не се знае кога црквата била срушена.[3]
Пред крајот на турската власт, најголемиот дел од земјата припаѓала на Али-ефенди од Битола, Сали-ага од Дебар, Асанчевци од Прилеп и Реџо од соседното село Пресил. По заминувањето на Турците, земјата ја продале на македонските чифчии. Во тоа време, во селото постоеле три беговски кули.[3]
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 493 хектари, на шумите отпаѓаат 204 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 300 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Светомитрени живееле 200 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свети Митрени имало 232 Македонци, од кои 168 под врховенството на Бугарската егзархија и 64 патријаршисти.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Светомитрани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 19 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]
Средно Митрани е средно село по големина и е населено со македонско население. Во 1961 година селото броело 575 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 408 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Свето Митрани живееле 434 жители, од кои 433 Македонци и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 357 жители, од кои 336 Македонци и 21 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 232 | 459 | 543 | 575 | 594 | 614 | 476 | 408 | 434 | 357 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиСвето Митрани е македонско село.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се: Коларовци (21 к.), доселени се од селото Вишни кај Струга или Дебар (сепак најверојатно струшко, тоа е единствено село со такво име во Македонија). Таму од некоја болест изумреле сите жители, освен една жена со дете. Она со детето се доселила во втората половина на XVIII век, најпрво во селото Врбоец. Родот Коларовци се намножил од споменатото дете; Зуљамовци (11 к.), гранка се од родот Коларовци; Бакардиновци (6 к.), доселени се од денес албанското село Горно Житоше; Тотевци (4 к.), доселени се од некое село во Тетовско; Пусовци (5 к.), доселени се од селото Бела Црква, таму им се род Станковци; Тинтовци (8 к.), ова е стар доселенички род со непознато потекло; Гаќерковци (2 к.), доселени се од некое село во Железник; Музевци (3 к.), доселени се однекаде; Калевци (1 к.), доселени се во 1905 година од селото Горно Дивјаци, а таму се доселени од Галичник. Во Горно Дивјаци имаат истоимени роднини, го знаат следното родословие: Коста (жив на 82 г. во 1950-тите) Трајко-Кале, кој се доселил од Галичник; Галевци (1 к.), доселени се од селото Пресил, а таму се доселени од Врбјани.
Иселеништво
уредиСе знае за следниве иселеници од селото: Коларовци (6 к.) и Гаќерковци (1 к.), заминале во Врбоец, Станковци (3 к.), живеат во Ивањевци, Стојановски (1 к.), живеат во Годивле, Кукевци (1 к.), живеат во селото Подвис. Има и други иселеници во градовите Прилеп, Битола, како и во странство.[3]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Бучин
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Свето Митрани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Врбоец, се наоѓале и селата Годивје, Кореница, Кривогаштани, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митреви и Турско. Селото влегувало во рамки на Општина Свето Митрани во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Врбоец, Милошево, Пресил и Свето Митрани.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1199 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бирино.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 303 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[18]
- Манастириште — населба и некропола од доцноантичко време; и
- Раичеица — населба и некропола од раноантичко и хеленистичко време.
- Цркви[19]
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква, од 1856 година; и
- Црква „Св. Никола“ — обновена црква во 1990-тите години.
-
Главната селска црква „Вознесение Христово“
-
Обновената црква „Св. Никола“
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Свето Митрани
- Тома Никлев (1860-1909) — македонски револуционер
- Владимир Светиев (1945-2013) — македонски глумец
Галерија
уреди-
Стара куќа во селото
-
Панорама
-
Поглед на селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 266. Посетено на 26 декември 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.68
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 декември 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 12 декември 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 200. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Свето Митрани на Ризницата ?