Општина Зајас
Општина Зајас — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Зајас. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 г., а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Осломеј, Другово и Вранештица[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013.
Општина Зајас
денес дел од Општина Кичево | |
Местоположба на поранешната Општина Зајас. | |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Зајас |
Регион | Југозападен |
Површина | 161,08 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски и албански |
Демографија | |
Население | 11.605 жит. |
Густина | 72,04 жит./км2 |
Населени места | |
Народности | Македонци и Албанци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Бесим Велиу (последен градоначалник) |
Совет | 15 члена |
Контактни податоци |
Територијата на Општина Зајас е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово и Општина Кичево на југ, Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврови Анови и Општина Ростуша) на запад, Општина Гостивар (порано Општина Србиново и Општина Долна Бањица) на север и Општина Осломеј на исток.
Географија
уредиОпштина Зајас се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 161,08 км2. На север општината граничела со општините Маврово и Ростуше и Гостивар, на запад со Маврово и Ростуше, на исток со Осломеј, на југ со Кичево и на југозапад со Другово. Низ општината течела Зајаска Река, а поголеми планини биле Буковиќ и Бистра.
Демографија
уредиСпоред пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 11.605 жители со густина на население од 72,04 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:
Народност | Број | Удел |
Македонци* | 211 | 1.82% |
Албанци* | 11.308 | 97.44% |
Срби | 6 | 0.05% |
други | 80 | 0.69% |
- * Во општината има значаен број Македонци-муслимани кои се изјасниле како Албанци поради различни политички причини.
Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Зајас во 2011 паднал за 35.5% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Зајас е втора општина по падот на вкупниот број на ученици.[3]
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[4]:
јазик | број |
македонски | 202 |
албански | 11.317 |
влашки | 1 |
српски | 1 |
други | 78 |
Религија на населението според пописот од 2002 година:
религија | број |
православие | 208 |
ислам | 11.303 |
католицизам | 9 |
други | 85 |
Администрација и политика
уредиПоследен градоначалник на општина Зајас бил Бесим Велиу од редовите на ДУИ. Општината имала вкупно 15 советници кои го претставувале 13 села од општината.
Во склоп на општина Зајас биле следниве села: Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Зајас, Колари, Колибари, Лешница, Мидинци, Речани и Тајмиште.
Економија
уредиЗначаен индустриско-стопански објект во општината бил рудникот Тајмиште. Населението воглавно се занимавало со трговија, сточарство и земјоделство.
Иселеништво
уредиНа добар дел од вкупното население на општината Општина Зајас не им било место на постојано живеалиште. Албанското население најмногу се иселува во Швајцарија, Германија и Италија.[1]
Општествени установи
уреди- Цркви
- Црква „Свети апостоли Петар и Павле“ во Тајмиште - изградена во 1861 година, целосно изгорена во пожар во 1921 година, па повторно обновена и преосветена во 1928 година. Иконостасот и фреските се дело на Данило Нестороски - Фрчкоски од Галичник, изработени во 1928 година[5].
- Црква „Преподобна Параскева“ во Тајмиште- постара црква која е обновена во 1975/76 година, кога е изработен и фрескоживописот од страна на зографот Кузман Фрчкоски. Осветена е една година пред тоа, во 1974 година.[5]
- Црква „Св. Петка“ - Мидинци
- Црква „Св. Никола“ во Букојчани- изградена во седумдесеттите години на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882 година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот Кузман Фрчкоски од Лазарополе, работен во периодот од 1976 - 1978 година.
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Римски Гробишта - доцноантичка населба;
- Кокале - средновековна некропола;
Личности
уредиНекои познати личности од општината се:
- Мемед Алија Велиоски - македонски партизам роден од Бачишта;
- Бранко Наумоски (1951) - македонски правник, омбудсман и уставен судија, роден од Букојчани;[7]
- Војо Стојановски (р. 1949) - македонски пејач, роден од Букојчани;
- Гашо Тришески - Гаги - македонски фолк пејач, роден од Букојчани;[8]
- Билјан Стојановски - македонски фолк пејач, роден од Букојчани;
- Али Ахмети, македонски политичар, роден од Зајас.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „ДУИ бара помош од иселениците“. Нова Македонија. Посетено на 2012-11-20.
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ „Во основните училишта за 10 години дури 46.500 ученици помалку“. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2013-02-08.
- ↑ Попис на Македонија, 2002: јазик, националност, религија
- ↑ 5,0 5,1 „Четврта кичевска парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-02-12. Посетено на 2010-11-16.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „ПОРАНЕШЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ“. Народен правобранител на Македонија. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 2012-05-04.
- ↑ „ГАГИ ТРИШЕСКИ НОВО ЛИЦЕ НА ФОЛК СЦЕНАТА!“. Естрада плус. 20 април 2012 17:15. Посетено на 2012-05-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Општина Зајас во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Општина Зајас на „Златна Книга“
- Општина Зајас Архивирано на 15 април 2012 г. на mojsovetnik.org.mk