Чешме Маале

село во Општина Радовиш

Чешме Маале — раселено село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Чешме Маале

Поглед на објекти во некогашното село

Чешме Маале во рамките на Македонија
Чешме Маале
Местоположба на Чешме Маале во Македонија
Чешме Маале на карта

Карта

Координати 41°41′18″N 22°22′09″E / 41.68833° СГШ; 22.36917° ИГД / 41.68833; 22.36917
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Јуруклак
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 930 м
Чешме Маале на општинската карта

Атарот на Чешме Маале во рамките на општината
Чешме Маале на Ризницата

Денес, во месноста на некогашното село, долж регионалниот пат 2431 се наоѓаат неколку преостанати објекти.

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[2] Со оглед на тоа што селото е сместено на јужната падина на планината Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.000 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш.[2]

Низ самото село поминува регионалниот пат 2431.

Историја

уреди

Според истоименото археолошко наоѓалиште во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 7,1 км2.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948183—    
1953195+6.6%
196154−72.3%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чешме Маале живееле 75 жители, сите Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Чешме махале живееле 130 Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[6]

Во 1970-тите селото целосно е напуштено.[2]

Според пописот од 2002 година, Чешме Маале немало ниеден жител.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 75 183 195 54 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Чешме Маале било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Калаузлија, во која покрај селото Чешме Маале, се наоѓале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобаси, Караџалар, Шаинташ и Штурово. Општината Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар, Штурово и Чешме Маале.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1605 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште во селото Калаузлија. Во ова изборно место се опфатени селата Али Лобаси, Држани, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар и Чешме Маале.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 219 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 229 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 319. Посетено на 25 јануари 2022.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 331. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2022.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 11 јануари 2022.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди