Винце

село во Општина Куманово

Винце — село во Општина Куманово, на 3 км од левиот брег на реката Пчиња на западното подножје на Градиштанската Планина.

Винце

Панорама на Винце

Винце во рамките на Македонија
Винце
Местоположба на Винце во Македонија
Винце на карта

Карта

Координати 41°59′39″N 21°45′33″E / 41.99417° СГШ; 21.75917° ИГД / 41.99417; 21.75917
Регион Куманово
Општина Општина Куманово
Население 32 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17016
Надм. вис. 494 м
Винце на општинската карта

Атарот на Винце во рамките на општината
Винце на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Винце се наоѓа на 13 километри од Куманово и на 30 километри од Скопје на надморска висина од 494 метри. Селото има поволна местоположба бидејќи на 2,5 километри од селото поминува реката Пчиња и во близина на селото се наоѓа ловиштето Градманци кое е богато со дивеч исто така селото е поврзано со асфалтен пат со Скопје и со земјен пат со Куманово.

Историја

уреди

Подрачјето на Винце е населено уште од доцната антика, за што сведочат наоѓалиштата во неговиот атар.[2]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Во минатото жителите на селото се занимавале главно со земјоделство садење на различни житни култури, зеленчук но и со садење на тутун и памук интересно е тоа што селото Винце е последното село во Македонија каде што е регистриран засаден памук и тоа во далечната 1974[3] исто така значајно е да се напомене и да се забележи дека сите семејства од селото имаат лозја пред влезот на селото.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.218—    
19531.194−2.0%
1961970−18.8%
1971538−44.5%
1981237−55.9%
ГодинаНас.±%
1991140−40.9%
1994113−19.3%
200290−20.4%
202132−64.4%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 48 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 196 мажи христијани, со 21 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 434 жители.[4]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 599 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 850 Македонци.[6]

На почетокот на XX век поточно во 1900 г. во селото се регистрирани 588 жители, во 1905 г. во селото има 688 жители но најмногу население во селото е регистрирано во 1952 г. со дури 1.500 жители. Според пописот од 1994 г. во Винце има 112 Македонци и 1 Србин. Во 2002 г. селото имало 90 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 32 жители, од кои 30 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 588 688 1.218 1.194 970 538 237 140 113 90 32
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Винце е македонско село.

Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Баба Цветинци (5 к.), Баба Јаглинци (4 к.), Вучевци (16 к.), Јанковци (5 к.), Ѓорчевци (9 к.), Гачевци (1 к.), Ушлевци (1 к.), Златевци (9 к.), Оџевци (9 к.), Пепеларци (2 к.), Чурлинци (4 к.), Чолевци (3 к.) и Прстенковци (6 к.)
  • Доселеници: Пиперковци (11 к.) доселени се од селотоПиперово. Го знаат следното родословие: Цветко (жив на 80 г. во 1952 година) Петруш-Димчо-Атанаско-Трајан-Јован, кој се доселил во селото; Домазетовци (16 к.) потекнуваат од предокот Петко, он се доселил како домазет од селото Довезенце; Милевци (4 к.) доселени се од Лопате или Опае; Лојанци (17 к.) доселени се од селото Лојане. Го знаат следното родословие: Новко (жив на 80 г. во 1952 година) Божин-Паун, понатамошните предци не ги знаат; Граѓановци (7 к.) доселени се од Куманово, по тоа го добиле името; Рибарци (5 к.) доселени се од селото Горно Коњари. И таму биле доселени однекаде; Пашинци (6 к.) доселени се од селото Стањевци, Овче Поле. Основачот на родот дошол како домазет во родот Пашинци (биле староседелци); Рашинци (3 к.) доселени се од селото Орашац; Коцевци (2 к.) и Стојчевци (6 к.) доселени се однекаде. Основачот на првиот род (Трајан) дошол како слуга.[13]

Општествени установи

уреди
 
Црквата „Св. Петка“ во Винце

Во селото постојат 5 манастири и 1 црква — „Св. Никола“. Црквата над селото веднаш до старата византиска чешма е посветена на овој светец.

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Во селото како најголема знаменитост се смета старата црква Свети Никола која е една од најстарите во Кумановскиот регион исто така во и околу селото има 5 манастирчиња кои се стари, важно и интересно е да се каже дека околу пределот на селото на разни места постојат камени крстови кои според кажувањата на мештаните ја обележуваат територијата на селото. Друга знаменитост по кое е познато селото е по Византиската чешма која потекнува уште од Византиско време и се наоѓа веднаш до црквата Свети Никола освен за снабдување со свежа пивка вода чешмата во минатото се користела за напојување на добитокот (во десните четири мрамори) и перење на алишта и јамболии (левите четири мрамори)

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Дренче — населба од доцноантичкото време;
  • Јазбина — населба од доцноантичкото време;
  • Кале — средновековна тврдина;
  • Леска — средновековна населба; и
  • Црквиште — викус од доцноантичко време и средновековна црква.

Редовни настани

уреди
Божиќно пилкање

Како и во сите краишта на Македонија, вечерта спроти Божиќ целото семејство се собира на таканаречената бадна вечера. Во Винце, во рамките на обредите кои се вршат околу бадната вечера (богомолства, горење на бадниково дрво и благослови за бериќет), постои обичај при кој им се делат ореви на сите и се запејува песната "Тропав ми, тропав ораси, мамо"[мртва врска]. Пред делењето на оревите и седнувањето на софрата, мажите, на јарем кој е поставен на прозорецот, палат свеќа и му се молат на Бога. Потоа, најстарата жена наречена куќница почнува да имитира квачка за која се фаќаат и останатите деца како пилиња и се вртат трипати околу куќниот дирек или столб. Обредот продолжува со палењето на бадниковото дрво во куќното огниште, кое гори додека се вечера и така горејќи треба да го дочека утрото, односно Божиќ.

Личности

уреди

Спорт и разонода

уреди
 
Старата византиска чешма

Поради постоење на дивеч, селото е дел од Ловиштето бр. 9, односно Градманци, во состав на Скопско-кумановското ловностопанско подрачје, реон Скопје, со правец на протегање север - југ, источно од реката Пчиња. Северно се протега од Винце, а на југ оди до село Ветерско. Градманци зафаќа вкупна површина од 10.760 хектари, со намена за одгледување, заштита и ловење на ситен дивеч, како носечки ловностопански вид.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Верски објекти
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Дренче — населба од доцноантичко време;
  • Јазбина — населба од доцноантичко време;
  • Кале - Врбица — тврдина од средниот век;
  • Леска — населба од средниот век; и
  • Црквиште — викус од доцноантичко време и црква од средниот век.

Иселеништво

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 206. ISBN 9989-649-28-6.
  3. [1][мртва врска]
  4. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  5. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2009-07-26.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
  14. Четврти период (1766—1920)
  15. Рајна Спасовска. Архивирано од изворникот на 2005-03-01. Посетено на 2009-07-26.
  16. Ловно друштво „ПОТПОЛОШКА“, Петровец[мртва врска]

Надворешни врски

уреди