Бараково
Бараково — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба уреди
Населбата се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 м. Лежи недалеку од градот Демир Хисар на оддалеченост од 5,3 км и тоа во североисточен правец. Атарот е мошне мал и зафаќа протор од само 1,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха.
Потекло на името уреди
Селото го добило името според првиот жител Барак (Барако+ово+село). Барак е лично име кое се споменува во XVI век.
Историја уреди
Селото првпат се споменува во опширниот пописен дефтер од 1468 година, под ојконимот Баракова, како село во Битолската каза, со вкупно 6 семејства и 1 вдовица, или вкупно околу 20 жители. Приход имале и плаќале 321 акче.[3]
Селото претставувало дел од тимарот што му припаѓал на Мехмеди, син на Али, во сума од 500 сребрени пари.
Селото се споменува и во дефтерот од 1538 година, со 28 жители.
Во XIX век, Бараково се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Стопанство уреди
Селото има полјоделска функција.
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бараково имало 72 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бараково имало 72 жители.[5]
Селото е мало и во 1961 година броело 118 жители, а во 1994 бројот се намалил на 74 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 67 жители, од кои 66 Македонци и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 49 Македонци и 6 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 72 | 72 | 199 | 125 | 118 | 94 | 90 | 76 | 74 | 67 | 55 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови уреди
Бараково е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[12]
Доселенички: Орманковци (3 к.) доселени се од селото Прострање, Кичевско; Дуртановци (2 к.) доселени се од селото Железнец; Лазоровци (1 к.) доселени се од селото Света; Грујовци (3 к.), Пандаровци (3 к.) и Ќибилевци (4 к.) доселени се од селото Вардино; Нечовци (2 к.) доселени однекаде.
Самоуправа и политика уреди
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Бараково, се наоѓале и селата Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.
Културни и природни знаменитости уреди
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Превалец — некропола од средниот век;
- Старо Село — црква и населба од средниот век;
- Црквиште — црква од средниот век.
- Цркви[14]
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
- Споменици
- Споменик за НОБ
Личности уреди
- Борис Вељановски — македонски партизан
Иселеништво уреди
Од Бараково највеќе од населението е иселено во Битола. Но одреден број е иселен и во Скопје, Прилеп, Демир Хисар, како и во САД и Австралија.[15]
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Димитров, Никола (2017). Географија на населби-Општина Демир Хисар. Битола.