Ломница
Ломница — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Ломница | |
Поглед на селото Ломница | |
Координати 41°53′43″N 20°49′58″E / 41.89528° СГШ; 20.83278° ИГД | |
Општина | Врапчиште |
Население | 118 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 07049 |
Надм. вис. | 1020-1200 м |
Ломница на општинската карта Атарот на Ломница во рамките на општината | |
Ломница на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 17 километри северозападно од градот Гостивар. Сместено е на источната падина на Шар Планина под гребенот Кржелино и врвот Рудока, на левиот брег над планинската река Матене која истекува од шарското ледничко Црно Езеро. Ломница е вовлечена во масивот на Шар Планина, расположена во горниот дел на долината на Маздрача од нејзината лева страна, на висина од 1200 метри[2], односно 1020 метри[3]. Западно од Ломница е превојот Враца преку Шар Планина, помеѓу врвовите Голема и Мала Враца, низ кој водел стариот пат од Полог за Љума во северна Албанија[2]. Селото Ломница припаѓа на Општина Врапчиште, чиј атар се издига до сртот на Шар Планина и е релативно голем зафаќајќи простор од 27,6 км2 на кои преовладуваат шумите на површина од 1773 ха, на пасиштата отпаѓаат 678 ха, а на обработливото земјиште 203 ха[3]. Од градот Гостивар, Ломница е оддалечена 19 км[3]. Ломница е село од збиен тип, чиишто куќи се поделени во три маала, кои се нарекуваат: Чајан, Бодин и Лека[2].
Историја
уредиЛомница е старо село, а за првпат се споменува во турските документи (пописен дефтер) од 1595 година, кога тоа било населено со православни Македонци[2]. Денешните жители, муслимански Албанци, започнале да се доселуваат пред околу 240 години, од северниот дел на Албанија[2]. Сегашните албански жители не знаат или не кажуваат кога се иселиле староседелските македонски родови од Ломница[2]. Името на селото Ломница е со потекло до македонскиот јазик, што укажува дека тоа е основано и во него во минатото живееле Македонци.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиСпоред структурата на земјиштето Ломница има мешовита земјоделска функција. Поради големиот атар кој ги опфаќа пространите пасишта на зарамнетите шарпланински гребени Кржелино (главно пасиште), Војводино, Думково и бројните бачила, Ломница е изразито сточарско овчарско село и воедно едно од селата со најголем број на стада и грла овци меѓу сите шарпланински села. Сточарски станови - трла со бројни овци има во самото село и во месностите Трла и Кодра Станишеве[2], веднаш западно над самото село. На пределот Матене има голема и густа букова шума[2] од која се сече и огревно дрво.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ломница живееле 166 жители, сите Албанци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ломница имало 34 куќи и 360 жители Албанци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 574 жители, 1 Македонец, 571 Албанец и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 93 Албанци и 25 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 166 | 360 | 459 | 512 | 582 | 711 | 748 | 0 | 762 | 574 | 118 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиВо Ломница живеат доселени албански муслимански родови[2]. Во маалото Чајан живеат: Чајан по потекло од Чаја во северна Албанија; Пал или Палолар од фисот Бериш од северна Албанија; Скоре по потекло од Љума во северна Албанија[2]. Во маалото Бодин живеат: Бодин од фисот Красниќ и областа Калис во северна Албанија, а во маалото Лека живеат: Лека по потекло од областа Малесија во северна Албанија, Реч дошле од истоименото село кое се наоѓа крај реката Дрим во северна Албанија, Печ и Штеи по потекло до Малесија во северна Албанија, Булк од северна Албанија[2].
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 449 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 577 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиГалерија
уреди-
Глетка од Ломница
-
Поглед од влезот на селото
-
Глетка од Ломница
-
Поглед на Ломница и Неготино од Шар Планина
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Ф. Трифуноски, Јован (1976). Полог (антропогеографска проучавања) (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 270–271.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 182.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.