Долно Коњско

село во Општина Охрид

Долно Коњско — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Долно Коњско

Глетка на Долно Коњско од водите на Охридското Езеро

Долно Коњско во рамките на Македонија
Долно Коњско
Местоположба на Долно Коњско во Македонија
Долно Коњско на карта

Карта

Координати 41°3′42″N 20°48′14″E / 41.06167° СГШ; 20.80389° ИГД / 41.06167; 20.80389
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 521 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6000
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 966 м
Долно Коњско на општинската карта

Атарот на Долно Коњско во рамките на општината
Долно Коњско на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Долно Коњско се наоѓа јужно од градот Охрид, сместено над патот Охрид-Св. Наум и во непосредна близина на Охридското Езеро. Оваа населба е оддалечена 5 километри од градот Охрид.

Селото е сместено долж брегот на Охридското Езеро, во подножјето на планината Галичица. Селото поседува водовод.[2]

Во минатото, Долно Коњско претставувало составен дел на тогашното големо село Коњско, сместено високо на падините на планината Галичица. Денес, селото прераснува во туристичко место, поради непосредната близина на езерото.

Историја

уреди

Историјата на Долно Коњско започнува со доселувањето на неговите жители од старото Коњско, кое сега е речиси напуштено. До средината на XX век, просторот на кој сега се наоѓа населбата претставувал каменест и сув рид на кој за брзо време била подигната денешната населба.[3]

По 1970 година, мештаните од Коњско започнале да градат нови куќи близу Охридското Езеро, во месноста Гумниште. Таму порано имало лозја и трла, во кои на зима се чувала стоката.[2]

Стопанство

уреди

Селото не поседувало свој атар во минатото, поради што и нема распределба на површините по намена.

Поради непосредната близина на селото до Охридското Езеро, во него е особен развојот на туризмот.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953—    
1961—    
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
2002551—    
2021521−5.4%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 во г. селото Коњско имало 40 домаќинства и 116 жители.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коњско живееле 360 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Коњско имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото заедно со Горно Коњско имале 500 Македонци.[7]

Селото не било вклучено во пописите во периодот 1948-1994 како посебна единица, туку неговите податоци се прикажувале во населеното место Коњско.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Коњско живееле 551 жител, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 521 жител, од кои 512 Македонци, 1 останат и 8 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 320 551 521
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Општествени установи

уреди
  • Основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Велестово, се наоѓале и селата Велгошти, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Шипокно, во која влегувале селата Велестово, Коњско и Шипокно.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Долно Коњско.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 647 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[17]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  3. Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Податоците за населените места Долно Коњско и Населба Исток, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Коњско.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 јануари 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 2 јануари 2020.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 2 јануари 2020.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди