Света

село во Општина Демир Хисар

Света — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Света

Поглед на селото

Света во рамките на Македонија
Света
Местоположба на Света во Македонија
Света на карта

Карта

Координати 41°16′00″N 21°16′22″E / 41.26667° СГШ; 21.27278° ИГД / 41.26667; 21.27278
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 258 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10028
Надм. вис. 710 м
Слава Св. Пантелејмон
Петковден[2]
Света на општинската карта

Атарот на Света во рамките на општината
Света на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото веројатно потекнува од личното име Светомир или Светислав, првиот доселеник и основач на селото.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во Железник, во крајниот источен дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со просторот на подрачјето на Општина Крушево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 710 метри. Од градот Демир Хисар, селото е оддалечено девет километри.[3]

Света се граничи со селата Журче, Пресил и Бучин (последните две во Општина Кривогаштани) на север, со селото Древеник (Општина Битола) на југ и со селата Вардино и Единаковци на запад.[2]

Во 1965 година селото добило електрична енергија, нешто подоцна добило и водовод, а асфалтен пат од 1988 година.[2]

Селото Света се наоѓа на левиот брег на Црна Река, под ридовите Пејчин Рид, Црни Камен, Орлоец, Горно Уво, Долно Уво и Горна Чука.[4]

Историја

уреди
 
Фреска на Св. Кирил и Методиј од црквата „Св. Пантелејмон“ во Света

Селото се верува дека е доста старо, за што сведочат и археолошките наоѓалишта, Стари Гробишта и Широка Леска. Стари Гробишта или Црквиште претставува црква и некропола од средниот век, сместен на околу 200 метри југозападно од селото. Во 1970 година била подигната новата црква „Св. Петка“ користејќи ги старите темели, кои се видливи и припаѓале на некогашната црква „Св. Пантелејмон“. Околу црквата се наоѓаат гробови градени од камени плочи.[4]

Света за првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1468 година според кои броело 48 семејства, 5 вдовици и 3 неженети, или вкупно 263 жители. Во 1568 година брои 47 семејства, 2 вдовици и 11 неженети (христијани) и едно муслиманско семејство, кога вкупниот број на жители бил 279. Селото плаќало вкупно 4.773 акчиња годишно данок.[2] Семејствата секогаш биле многубројни, со околу 20 до 30 члена. Христијаните не сакале да ја кажуваат точната бројка заради заштита од данокот во крв.[4]

Жители на Света се доселиле на денешната местоположба, откако го напуштиле старото село Метимирци, кое било напуштено поради осојот, но и поради „Зли камен“, каде постарите раскажувале дека имало илјадници змии.[5]

Од Света имало многу ајдуци и комити кои учествувале во борбите за слобода од отоманското ропство.[4]

Во XIX век, Света било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Во Првата светска војна зеле учество и селани од Света, едни од една, други од друга страна. Меѓу двете светски војни свеќани не се презивале со српски презимиња, иако биле принудувани од власта.[4]

Селаните од Света активно учествувале и во НОБ, за што е изграден споменик на паднатите борци.[6] Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[7]

Во мај 2012 година, во Света се снимаше најновиот филм на Столе ПоповДо балчак“. За потребите на филмскиот сет комплетно беа изградени железничка станица и контролен пункт на Отоманското Царство.[4][8]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 13,7 км2. На него преовладуваат шумите со 633 хектари, на пасиштата отпаѓаат 359 хектари, а на обработливото земјиште 337 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3] Најмногу се засејуваат житните растенија, па тутунот, компирот, гравот и сите видови на градинарски растенија.[2]

Во селото работат две продавници и еден авто-сервис. Во селото има четири фарми со вкупно над 100 крави, 300 глави овци и живина.[2]

Населението се занимава со земјоделство, а особено со градинарство и одгледување на тутун. Порано се одгледувал и коноп.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948557—    
1953608+9.2%
1961545−10.4%
1971590+8.3%
1981590+0.0%
ГодинаНас.±%
1991480−18.6%
1994403−16.0%
2002332−17.6%
2021258−22.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Света имало 325 жители, сите Македонци христијани.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Света имало 336 жители.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Света се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 57 куќи.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[12]

Селото е средно по големина, коешто во 1961 година имало 545, а во 1994 година 403 жители, населено со македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 332 жители, сите Македонци.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 258 жители, од кои 254 Македонци и 4 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 325 336 557 608 545 590 590 480 403 332 258
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Родови

уреди

Света е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[19]

  • Староседелци: Јошковци со Јошевци (19 к.); Ѓоргијовци со Белотечковци (9 к.); Костевци (4 к.); Гарајновци со Ралевци (6 к.); Гулевци со Стевановци (5 к.); Богдановци (5 к.); Цветковци (5 к.); Самарџијовци со Лозановци (6 к.); Бакревци (3 к.) и Коруновци (10 к.).
  • Доселеници: Пустиовци (1 к.), доселени се од селото Врбјани кај Прилеп, го знаат следното родословие: Веле (жив на 30 г. во 1952 година) Павле-Васил-Коле, кој се доселил; Нумковци со Николовци (2 к.), доселени се од селото Смилево, го знаат следното родословие: Ордан (жив на 45 г. во 1952 година) Ристе-Тале, кој се доселил во селото.

Општествени установи

уреди
Образовни
Сообраќајни
  • ЖС „Света“ — поранешна железничка станица на укинатата железничка линија Бакарно Гумно-Сопотница

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото се наоѓало во некогашната општина Кривогаштани.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Бела Црква, во која покрај селото Света, се наоѓале и селата Бела Црква, Бучин, Воѓани, Обршани, Пашино Рувци и Пресил. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0633 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[21]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 266 гласачи.[22]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[23]
Археолошки наоѓалишта[24]
Споменици

Редовни настани

уреди
Слави

Личности

уреди
 
Четата на војводите Блаже Биринчето и Ѓорѓија Рало - Скршениот

Иселеништво

уреди

Постари иселеници до 1952 година има во Битола (3 семејства), Бугарија (5 семејства) и во Прилеп (1 семејство).[19]

Потоа иселеништвото продолжило и од Света над 70 домаќинства живеат во градовите Битола, Демир Хисар, Прилеп и Скопје. Исто така, над 30 лица се иселиле во европските и во прекуокеанските земји.[2]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 66–68. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 266. Посетено на 22 март 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-17. Посетено на 2020-03-22.
  5. 5,0 5,1 „Света посегнува по светоста од минатото“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 27 април 2007. Посетено на 28 јули 2016.[мртва врска]
  6. Сказанија брсјачки и пољански - Душан Бакрески, Битола 2007
  7. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  8. http://www.fakulteti.mk/news/12-05-10/po_15_godini_stole_popov_go_pochnuva_snimanjeto_na_noviot_film.aspx[мртва врска]
  9. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. 19,0 19,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
  20. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  21. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 22 март 2020.
  22. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-03-22. Посетено на 22 март 2020.
  23. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  24. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  25. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  27. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди