Витанци

село во Општина Чашка


Витанци — село во областа Гроот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Витанци
Дел од раселеното село Витанци.jpg

Поглед на дел од раселеното село Витанци

Витанци во рамките на Македонија
Витанци
Местоположба на Витанци во Македонија
Витанци на интерактивна карта

Карта

Координати 41°38′40″N 21°43′17″E / 41.64444° СГШ; 21.72139° ИГД / 41.64444; 21.72139Координати: 41°38′40″N 21°43′17″E / 41.64444° СГШ; 21.72139° ИГД / 41.64444; 21.72139
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Čaška Municipality.svg Чашка
Област Гроот
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1413
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29009
Надм. вис. 280 м
Витанци на општинската карта
Витанци во Општина Чашка.svg

Атарот на Витанци во рамките на општината
Commons-logo.svg Витанци на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во областа Гроот, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, сместена на водоразделието на реките Бабуна и Тополка, од левата страна на патот Велес-Чашка.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 280 метри.[2]

ИсторијаУреди

Во XIX век, Витанци било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Атарот зафаќа површина од 5,3 км2.[2]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948128—    
195358−54.7%
19613−94.8%
197110+233.3%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Витанци имало 60 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Витанци имало 80 жители.[4]

Селото е наполно раселено во 1971 година, кога што броело 10 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Витанци немало жители.[5] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 80 128 58 3 10 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Војница, во која покрај селото Витанци, се наоѓале и селата Војница, Крајница и Ораовец. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко местоУреди

Селото влегува во рамки на избирачкото место бр. 2237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селска зграда во селото Војница.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[11]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 55. Посетено на 8 август 2018.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 август 2018.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 8 август 2018.
  11. „Локални избори 2017“. Посетено на 8 август 2018.

Надворешни врскиУреди