Стрмош
- За рудникот со исто име видете Стрмош (рудник)
Стрмош — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Стрмош | |
Поглед на селото Стрмош | |
Координати 41°58′54″N 22°09′45″E / 41.98167° СГШ; 22.16250° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Население | 216 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21030 |
Надм. вис. | 475 м |
Стрмош на општинската карта Атарот на Стрмош во рамките на општината | |
Стрмош на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од самиот град Пробиштип во западна насока, на оддалеченост од околу 4 километри, поради што селото припаѓа на рурбалната зона на средишното место.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 475 метри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, преку исклучување во самиот град Пробиштип.
Историја
уредиПодрачјето на Стрмош е населено уште од старохристијанско време, за што сведочи наоѓалиштето Преслап во неговата околина.[3]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 5,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 387 хектари, на пасиштата отпаѓаат 132 хектари, додека шумско земјиште нам.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција. Во него работат услужни објекти и има фабрички погон.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стрмош живееле 240 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Плешенци имало 264 жители, сите Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Селото е средно по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година броело 345 жители, а во 1994 година имало 315 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Стрмош живееле 294 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 216 жители, од кои 210 Македонци и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | 264 | 260 | 291 | 345 | 340 | 329 | 311 | 315 | 294 | 216 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиСтрмош е македонско село.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се: Џикевци, Черкесци, Царци, Ѓотларци, Чивутци и Маџарци, семејствата што припаѓаат на овие родови за нив велат дека се староседелци кои отсекогаш живееле во ова село. Но, според друго предание 6-7 семејства припаѓаат на доселеници од прилепскиот крај, а 5-6 семејства се доселеници од Горна Пчиња.
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Никола Карев“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Никола Карев“ - Пробиштип
- Месна заедница
-
Основното училиште
-
Спортско игралиште
-
Управен објект
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Стрмош било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Стрмош, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци и Пробиштип. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Плешенци, во која влегувале селата Горни Стубол, Долни Стубол, Дренак, Плешенци, Петршино и Стрмош.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1540 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 208 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 209 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[3]
- Преслап — старохристијанска црква.
- Цркви
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква, уште во изградба.
- Споменици[17]
- Спомен-плоча посветена на М. Јадрев Златко
- Реки
- Киселица — мала река низ селото
-
Поглед на црквата
-
Реката Киселица низ селото
-
Спомен-плоча во селото
Галерија
уреди-
Панорама на селото
-
Куќи во селото
-
Поглед на селото
-
Дел од селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 289.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 323. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 ноември 2022.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-11-30. Посетено на 30 ноември 2022.
- ↑ „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-11-30.