Грекање

село во Општина Маврово и Ростуше
(Пренасочено од Грекај)

Грекање (служб. Грекај, албански: Grekaj) — село во Општина Маврово и Ростуше, Гостиварско.

Грекање
Грекај

Стара колиба во Грекање

Грекање во рамките на Македонија
Грекање
Местоположба на Грекање во Македонија
Грекање на карта

Карта

Координати 41°43′27″N 20°35′05″E / 41.72417° СГШ; 20.58472° ИГД / 41.72417; 20.58472
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07026
Надм. вис. 1089 м
Грекање на општинската карта

Атарот на Грекање во рамките на општината
Грекање на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Горна Река, на источните ограноци на планината Кораб и во горното сливно подрачје на реката Радика. Како планинско село, лежи на надморска височина од 1.089 м, а атарот зафаќа 18,2 км2.[2] Крај селото минува Рибничка Река, која тука ги прима притоките Грекајска Река од север и Завојски Поток од југ.

Отаде речниот дол, во близина на селото се наоѓа местото на некогашното село Завојско, уништено за време на Првата светска војна. Во непосредна близина на север е селото Нивиште.

Историја

уреди

Сите села во Горна Река порано биле македонски. Во почетокот на XIX век, Грекање како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во 1852 г. жители на Грекање го поддржале издавањето на „Утешение грешним“ на Кирил Пејчиновиќ.[3]

На крајот на XIX век Грекање веќе било „албанско“ село во Реканската каза на Отоманскто Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грекање има 25 жители Арнаути христијани и 14 Арнаути муслимани.[4] Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грекане е претставено како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 36 куќи.[5]

Работејќи во полза на српската пропаганда, патријаршискиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки напишал дека во 1904 г. во Грекање имало 2 „српски“ куќи, кои всушност биле македонски.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското на Грекање се состело од 12 „Албанци“.[7]

Стопанство

уреди

Грекање има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.111,7 ха шуми, 681,3 ха пасишта и само 22,6 ха обработливо земјиште.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194845—    
195353+17.8%
196165+22.6%
1971110+69.2%
198153−51.8%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199411—    
200220+81.8%
20213−85.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[8]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 20 жители, сите Албанци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 39 45 53 65 110 53 0 11 20 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Иселеништво

уреди

Според истражување од 1950 г. во скопското село Патишка Река (Општина Сопиште) живее родот Гегалар (13 куќи), доселен од Грекање.[14]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 87. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Селищев А.М. „Славянское население в Албании“, София, 1931, стр. 13.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 264. ISBN 954430424X.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
  6. Допис на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 184-185.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски

уреди