Старо Лагово

Старо Лагово — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Старо Лагово
Старо Лагово is located in Македонија
Старо Лагово
Местоположба на Старо Лагово во Македонија
Координати 41°17′40″N 21°32′8″E / 41.29444° N; 21.53556° E / 41.29444; 21.53556Координати: 41°17′40″N 21°32′8″E / 41.29444° N; 21.53556° E / 41.29444; 21.53556
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 38 жит.
(поп. 2002)
Старо Лагово на општинската карта
Старо Лагово во Општина Прилеп.svg

Атарот на Старо Лагово во рамките на општината

Географиja и местоположбаУреди

Селото лежи 7 километи јужно од Прилеп. Негови соседни населби се: Ново Лагово, Волково, Чумово и Беровци. Во селото има 3 извора кои на лето пресушуваат. Во дворовите на куќите има бунари. Старо Лагово — село од збиен тип. Селото е мало и не се дели на маала. Потезите во околу селото се нарекуваат: Бел Камен, Каменица, Боздо, Чекут, Подово, Гладница, Арапица, Слива, Ѓупски Маала и Дујгас.

ИсториjaУреди

До 1912 година селото се нарекувало Лагово. Истата година на 2,5 километри е основана колонистичка населба населена со Срби од Далмација - Ново Лагово. Од тогаш селото се вика Старо Лагово. Старо Лагово било читлукајбијско село. Жителите биле момоци во читлуците. Поради тоа во селото нема стари родови. За време на Турците во Старо Лагово ниедна христијанска куќа земја немала. Во 1912 година затекнати се 5 читлуци: Сулејманов, Фајков, Мединче, Тарагоски и Селим-Чосески. Сопствениците живееле во Прилеп. Турчинот Мединче во 1909 година изградил убава триспратна кула која постои и денес. Денес е манастир на Православната Охридска Архиепископија. Постојниот параклис и манастир и е посветен на Успение на Пресвета Богородица. После 1912 година селаните си откупиле поголем дел од земјата. Само Заревци од Прилеп (со потекло од Зрзе) со аграрната реформа добиле околу 30 хектари земја. Таа земја им е одземена во 1949 година. Старо Лагово нема црква до 2002 година. Селските гробишта се источно од селото. Селска слава е вториот и третиот ден од Велигден.

СтопанствоУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Старо Лагово живееле 80 жители, сите Македонци.[1]

Според податоците на секретарот на егзархијатаДимитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 96 Македонци, егзархисти.[2]

Во 1954 година има 14 стално населени куќи. Четири фамилии преку лето живеат таму, а на зима во Прилеп. Бројот на домаќинства низ годините изнесувал:

  1. 1921 - 10;
  2. 1948 - 18;
  3. 1961 - 37;
  4. 1971 - 22.

Според пописот од 2002 година, селото Чумово брои 17 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 80[1] 96[2] 95 205 161 93 74 47 49 17

РодовиУреди

Старо Лагово е македонско село.

Во Старо Лагово ги има следните родови:

  1. Карамановци (две куќи - слава Митровден), познати по тоа дека како момци секаде шетале по селата. Во Старо Лагово дошле од селото Карамани, Битола.
  2. Ташковци (една куќа - слава Митровден). Дошле во 1910 година од Мало Коњари, а претходно живееле во Галичани.
  3. Славевци (една куќа - слава Свети Никола). Дошшле во 1916 година од Прилепец.
  4. Мариовци (четири куќи - слава Свети Никола). Дошле во 1926 година од Вепрчани, Мариово.
  5. Лешковци (четири куќи - слава Свети Никола). Дошле во 1926 година од Сланско, Поречие.
  6. Дурлевци (една куќа - слава Света Петка). Дошле во 1930 година од соседно Волково.

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 1431 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 34 гласачи.[6]

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.246.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  6. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врскиУреди