Алинци (Прилепско)
Алинци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Алинци | |
Координати 41°15′32″N 21°28′51″E / 41.25889° СГШ; 21.48083° ИГД | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | Прилеп |
Население | 171 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20001 |
Надм. вис. | 699 м |
Алинци на општинската карта Атарот на Алинци во рамките на општината | |
Алинци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во јужниот дел на територијата на Прилепското Поле, во рамките на Општината Прилеп. Селото лежи на надморска височина од 670 метри. Тоа е сместено непосредно до патот Прилеп - Битола, кој што води преку средината на неговиот атар. Од централното место Прилеп населбата е оддалечена 11 км.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 11,7 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 700,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 403,7 ха, а на шумите само 4,8 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алинци живееле 102 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Алинци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Алинци е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 17 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Бројот на населението се намалил и тоа од 449 жители во 1961 година, на 281 жители во 1994 година, така што денес населбата прет- ставува мало село, населено со македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Алинци живеат 238 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 171 жител, од кои 161 Македонец, 1 Албанец и 9 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 102 | 120 | 351 | 403 | 449 | 486 | 449 | 296 | 281 | 238 | 171 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиАлинци е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во Алинци се:
- Доселеници: Станковци (5 куќи) доселени се од Дрен во Раец; Николовци или Лулевци (12 куќи) доселени се однекаде; Вишиновци (5 куќи) доселени се од селото Беровци; Головодци (5 куќи) доселени се од селото Света во Железник. Таму имале истоимени роднини; Муловци (4 куќи) доселени се од Кадино Село, и таму се доселени однекаде; Секуловци (5 куќи) доселени се од Марул, пред тоа живееле во Бонче, таму им се род Стојковци; Милошевци (1 куќа) доселени се од Веселчани. И таму биле доселени однекаде; Црневци (2 куќи) доселени се од Големо Коњари, таму имаат роднини, и таму се доселени однекаде.[13]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1506 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[16]
- Црква „Вознесение Христово“ — селската црква;
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Бостаништа — некропола од римско време;
- Црквиште — осамени наоди од римско време;
- Бобарски Гробишта — некропола од непознат период;[13]
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиСе знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Беровци и Јаричевци се иселени во Беровци. Муртановци иселени се во Ношпал. Од родовите Станковци, Секуловци и Јаричевци има по едно семејство иселено во Прилеп.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 10.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 244.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069