Отвори го главното мени

Чучер-Сандево

село во Скопско и седиште на Општина Чучер-Сандево

Чучер-Сандево — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Селото е центар на истоимената општина.

Чучер-Сандево
Чучер-Сандево is located in Македонија
Чучер-Сандево
Местоположба на Чучер-Сандево во Македонија
Координати 42°6′12″N 21°22′55″E / 42.10333° СГШ; 21.38194° ИГД / 42.10333; 21.38194Координати: 42°6′12″N 21°22′55″E / 42.10333° СГШ; 21.38194° ИГД / 42.10333; 21.38194
Општина Coat of arms of Čučer Sandevo Municipality.svg Чучер-Сандево
Население 299 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 447 м
Чучер-Сандево на општинската карта
Чучер-Сандево во Општина Чучер-Сандево.svg

Атарот на Чучер-Сандево во рамките на општината
Commons-logo.svg Чучер-Сандево на Ризницата
Собир во Чучер-Сандево (пред 1920 г .)

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во областа Црногорија, во југозападите делови на Скопска Црна Гора. Чучер-Сандево е на 15 км оддалеченост северно од Скопје.

ИсториjaУреди

Според бугарските ивори, во селото се доселиле српски доселеници во периодот 1689-1739 година[1]. Првичното име на селото било само Чучер, но било додадено и „Сандево“ по Втората светска војна во чест на Александар Урдаревски - Санде.

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Чучер живееле 360 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чучер имало 640 србомани патријаршисти и во селото функционира српско училиште.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 299 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Националност Вкупно
Македонци 117
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 180
Бошњаци 0
Други 2


На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 752
1953 108 5 595 ... 708
1961 180 4 ... ... 328 ... 6 518
1971 74 ... 364 ... 438
1981 152 174 ... 48 374
1991 72 208 37 317
1994 35 234 5 274
2002 117 180 2 299

РодовиУреди

Според истражувањата од 1960тите родови во селото се:

  • Кајевиќи или Кајови (20 к.) доселени се од селото Ѓерекаре кај Витина. Нивниот предок најпрво се населил во Горњане, па прешол во Чучер. Во Чучер останале три негови синови, додека четвртиот се преселил во Бањане;
  • Ливриниќи или Ливрини (20 к.) доселени се од местото Св. Спас, тоа лежи на планината Скопска Црна Гора, северно од Бањане. Ја знаат следната генеологија Јован (жив на 56 год. во 1969 година) Анѓелко-Стевко-Перо-Миленко, се доселил таткото на Миленко. Старото име им било Миленковиќи, Предокот Миленко имал и еден син Златан, и по него една родовска гранка се вика Златановци. Во 1930 година една родовска гранка (Зивчевиќи) се поделила на 42 членови;
  • Путиќи или Путови (4 к.) доселени се однекаде;
  • Џепиќи или Качаниклиќи (4 к.) доселени се од денес албанското село Ѓургевдол кај Качаник. Ја знаат следната генеологија Живко (жив на 34 год. во 1969 година) Перо-Крста-Митар-Анѓелко, се доселил таткото на Алѓелко;
  • Ќуксановиќи (13 к.) доселени се од населбата Јуручка Река на планината Скопска Црна Гора (близу село Блаце). Две нивни гранки се викаат Стамболиеви и Лулеви;
  • Јанковиќи или Јанкови (4 к.) деленици се од родот Ќуксановци;
  • Челинковиќи (4 к.) доселени се од сега албанското село Блаце кај Качаник;
  • Урдаревиќи (8 к.) доселени се од селото Штрпце кај Сириниќ. Велат дека таму имаат роднини.[6]

ЛичностиУреди

Општествени институцииУреди

ИселеништвоУреди

И ова село го зафатиле големи миграциони движења. Од постарите иселеници се знае за Кајови и Станковчеви кои се иселиле во соседното село Бањане. Како и за родот Урдаревци или Миленковци кои се иселиле во селото Булачани.

После Првата светска војна се иселиле. Ќуксановиќи во селото Љуботен. Душќиќевци и Лалови во селото Волково. Ливрини во селото Злокуќани.

После Втората светска војна имало иселеници во Скопје (30 семејства), Ново Село (10 семејства) и во Орман (3 семејства).

Неколку чучерски домаќинства се иселиле во Глогоњ во Војводина. Качаниклиќи (2 семејства), Златановиќи (1 семејство), Путовиќи (1 семејство), Челиковиќи (1 семејство) и Урдаревиќи (1 семејство).[6]

НаводиУреди

  1. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
  3. Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рp. 116-117.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1971). Скопска Црна Гора. Скопје: Универзитет Кирил и Методиј. 

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди