Општина Петровец

општина во Македонија

Општина Петровецопштина во Скопскиот Регион, во северниот дел на Македонија. Административен центар на неговата општина е истоименото село.

Општина Петровец
Општина
Знаме на Општина ПетровецГрб на Општина Петровец
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеПетровец
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникБорче Митевски
Површина
 • Вкупна201,93 км2 (77,97 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно9.150
 • Густина45/км2 (120/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоpetrovec.gov.mk
Карта на Општина Петровец со селските атари.
Демографска карта на Општина Петровец со селските атари.

Географија и местоположба

уреди

Општината се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина и непосредно припаѓа на долното сливно подрачје помеѓу реката Вардар и реката Пчиња. Во западниот дел, десно се наоѓа рамништето на Скопското Поле, додека на левата страна од реката, покрај нејзината алувијална рамнина спрема отовичкото подрачје, се издига ридско земјиште како просторен дел, познат под името Катлановски Рид.

Низ општината поминуваат магистралниот државен автопат А1, како и регионалниот пат Р1102 кој води од Скопје до Катланово. Тука е сместен и меѓународниот Скопски аеродром.

Историја

уреди

Стопанство

уреди

Демографија

уреди

Според проценка од 2016, општина Петровец има 9.089 жители.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, општината има 8.255 жители, од кои 2.659 се во селото Петровец. Од етнички состав, населението го сочинувале:

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 4.246 51,43
Албанци 1.887 22,86
Турци 75 0,91
Роми 134 1,62
Власи 0 0,00
Срби 415 5,03
Бошњаци 1.446 17,47
останати 56 0,68
Вероисповед Вкупно
православни 4.652
муслимани 3.564
католици 8
протестанти 0
останати 31
Јазик Вкупно
македонски 4.320
албански 1.910
турски 72
ромски 115
влашки 0
српски 347
бошњачки 521
останати 970

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Градоначалник на општина Петровец е Борче Митевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за трет последователен мандат од четири години.[3] Советот на општина Петровец е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  ВМРО-ДПМНЕ: 5 места
  СДСМ: 3 места
  ДУИ: 1 место
  АА: 1 место
  Независни: 1 место

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски

уреди