Општина Шуто Оризари
Општина Шуто Оризари — општина во состав на Град Скопје и единствена ромска општина во светот во која Ромите имаат свој градоначалник и можат да ги остваруваат своите национални права. Општината се наоѓа во северниот дел на територијата на градот Скопје. Градоначалник на општината е Курто Дудуш-Куцо. Центар на општината е истоимената населба.
Општина Шуто Оризари | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Скопски | ||
Посебна единица | Град Скопје | ||
Година кога е основана со закон | 1996 | ||
Седиште | Шуто Оризари | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Курто Дудуш | ||
Површина | |||
• Вкупна | 7,48 км2 (2,89 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 25.726 | ||
• Густина | 3,400/км2 (8,900/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | sutoorizari.gov.mk |
Географија
уредиОпштината се граничи со Општина Бутел на југ и Општина Чучер-Сандево кон север.
Историја
уредиШуто Оризари почна да се развива по катастрофалниот земјотрес од 1963 г. По обновата на Скопје и неговата околина на местото на денешниот населбата започнува да се населува претежно ромското население. Денеска Шуто Оризари е едно од периферијата на денешно Скопје.Со Постепено Обликување на населбата,Општината Шуто Оризари почнува да добива изглед на урбанизирано приградско соседството .Со тек на време Шуто Оризари се здобива со свои административни и културни институции. Во 1996 година Шуто Оризари заедно со двете села околу него — Горно и Долно Оризари, формираат самостојна административна единица — општината Шуто Оризари.
Стопанство
уредиДемографија
уредиСпоред последниот попис од 2021 , Општина Шуто Оризари брои 25,726 луѓе од кои:
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Роми | 15,359 | 59.70% |
Албанци | 8,970 | 34.87% |
Македонци | 1,083 | 4.21% |
Бошњаци | 127 | 0.49% |
Турци | 102 | 0.40% |
Срби | 24 | 0.09% |
Други | 61 | 0.24% |
Вероисповед според последниот попис од 2021,
Вероисповед | Вкупно | Удел (%) |
муслимани | 23,703 | 92.14% |
православни | 1,315 | 5.11% |
Други Христијани | 536 | 2.08% |
Други | 172 | 0.67% |
Говорници според последниот попис од 2021,
Јазик | Вкупно |
ромски | 15,263 |
албански | 8,946 |
македонски | 1,151 |
бошњачки | 124 |
турски | 121 |
српски | 25 |
останати | 96 |
Општина Шуто Оризари зафаќа површина од 7,48 км2 и има густина на населеност од 2.780,75 жит/км2. Во состав на општината влегува селото Горно Оризари.
Општествени установи
уредиВо Општина Шуто Оризари има 2 основни училишта. Едното од нив се вика „Браќа Рамиз и Хамид“ каде учениците освен што учат на македонски јазик, имаат предмет ромски јазик. Другото училиште е „26 Јули“ каде се учи на албански јазик. Во општината има и амбуланта каде се лекуваат скоро сите жители од Шуто Оризари но и од околните села Бразда, Кучевиште, Побожје итн. Има и народна кујна каде посиромашните жители на општината се зачленети и земаат храна од понеделник до петок.
Самоуправа и политика
уредиПоради демографијата, ромскиот и македонскиот се службени јазици во Шуто Оризари. Албански, исто така, се зборува, но тој не е службен јазик. Градоначалникот на општината, Курто Дудуш, е етнички Ром. Во 2009 година, владата на Република Македонија презела дополнителни мерки за да се зголеми вклучувањето на Ромите во образовниот процес: На 10 февруари 2009 година бил поставен камен-темелник, финансиран од владата, за изградба на средно училиште.
Во 2017 година, општината имала вкупно 314 вработени, од кои 18 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[2] Градоначалник на општина Шуто Оризари е Курто Дудуш од редовите на Лдп и Дом. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година и локалните избори од 2021 година по што тој доби втор мандат од четири години.[3] Советот на општина Шуто Оризари е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Амди Бајрам — политичар и поранешен градоначалник на општината.
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.