Трооло
Трооло — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Трооло | |
Воздушен поглед на селото Трооло | |
Координати 41°54′13″N 22°09′18″E / 41.90361° СГШ; 22.15500° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 13 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21033 |
Надм. вис. | 490 м |
Трооло на општинската карта Атарот на Трооло во рамките на општината | |
Трооло на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото првпат е забележано во XVI век (1515 г.), најпрвин како Трохало. Името може да има грчко потекло („трохало“) што означува „голем природно измазнет камен“ или пак „природни крупни речни камења со различна големина измешани со песок и чакал“. Меѓутоа, крајното „о“ во Трохало упатува и на претпоставката дека името е доста постаро и дека доаѓа од личното име Трохал. Како последно објаснување за значењето е дека може да доаѓа од зборот трло.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во крајниот јужен дел на територијата на Општина Пробиштип, на десната страна од Злетовска Река, а нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Свети Николе.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 490 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 16 километри.[3]
Селото е поврзано преку асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1205.
Историја
уредиПодрачјето на Трооло е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат наоѓалиштата во неговата околина.[4]
Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување, жител на селото со име Наум бил уапсен и измачуван.[5]
За време на Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[6]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 13,9 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 879 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 466 хектари, додека шумско земјиште нема.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Трооло имало 80 жители, сите Македонци.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трооло имало 104 жители, сите Македонци.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото е мало и населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 295 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 63 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Трооло живееле 45 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 11 Македонци и 2 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80 | 104 | 283 | 302 | 295 | 232 | 126 | 66 | 63 | 45 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
уредиТрооло е македонско село.[16]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Гаџовци (5 к.), единствениот староседелски род во селото.
- Доселеници: Србинци (Аџиски 10 к., Пецовци 9 к., Наумовци 3 к., Дедо-Пауновци 2 к.), се еден род, доселени се, но не знаат од каде, доселени се пред околу 7-8 колена (во 1970-тите); Елмазовци (6 к.), доселени се како чифличии од сега раселеното село Чашице, се наоѓало кај селото Бучиште. А таму нивните предци се доселиле во XVIII век од Дебарско; Зафировци (5 к.), се доселиле како чифличии од селото Петршино, а таму биле доселени од селото Бардовци кај Скопје во XVIII век; Цветковци (5 к.), потекнуваат од селото Древено. Најпрво од Древено биле по селата Пуздерци, Зарапинци и Петршино како чифличии, а потоа дошле во денешното село; Цековци (1 к.), по потекло се од селото Врбица кај Кочани. Прво биле по разни села, па дошле овде.
Самоуправа и политика
уредиКон крајот на XIX век, Трооло било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Трооло, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци и Стрисовци. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1547 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[4]
- Цркви[20]
- Црква „Св. Троица“ — главна и единствена селска црква.
Галерија
уреди-
Воздушен поглед
-
Главната селска црква „Св. Троица“
-
Воздушен поглед со околината
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 181.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 303.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 323. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Дебърски глас“. Година 2, бр. 38. 3 април 1911. стр. 3.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 884.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 136-137.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-12-01. Посетено на 1 декември 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.