Општина Берово
Општина Берово — општина во Македонија. Центар на општината е градот Берово, кој е и единствено градско подрачје во општината. Според пописот од 2002 година во општината живеат 13.941 жител во 9 населени места. Густината на населението на општината е 23,3 жители на метар квадратен, а вкупната површина на општината изнесува 598 км2. Општината е претежно населена од Македонци, македонскиот јазик е доминантен, а православието најголема религија во општината. Општината е позната по Беровското Езеро и својата природа.
Општина Берово | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Источен | ||
Година кога е основана со закон | 1913 (во рамки на Кралство Србија) | ||
Седиште | Берово | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Звонко Пекевски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 598,07 км2 (230,92 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 10.890 | ||
• Густина | 18/км2 (47/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +033 | ||
Регистарски таблички | BE | ||
Мреж. место | berovo.gov.mk |
Географија
уредиОпштина Берово се наоѓа во Источна Македонија. Општината се протега во историско-географската област Малешевија. На територијата на општината се протегаат Малешевските Планини. Општина Берово граничи со Општина Виница и Општина Делчево на север, со Општина Пехчево на североисток, со Општина Ново Село и Општина Босилово на југ, со Општина Василево на југозапад и Општина Радовиш на запад. Вкупната површина на Општината изнесува 598 км2, а вкупното население според пописот од 2002 година изнесува 13.941 жител. Општината има планински релјеф. На територијата на Општината извира реката Брегалница, а источно од градот Берово се наоѓа планинското Беровско Езеро. Климата во општината е континентална.[2]
Демографија
уредиВрз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 10.890 жители, 4.143 домаќинства и 8.683 станови.[3]
Етничка припадност
уреди- Вкупно резидентно население во Општина Берово според изјаснувањето за етничката припадност
Етничка припадност | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 9.925 | 91,14 |
Албанци | 1 | 0,01 |
Турци | 60 | 0,55 |
Роми | 339 | 3,11 |
Власи | 1 | 0,01 |
Срби | 10 | 0,09 |
Бошњаци | 6 | 0,06 |
останати | 42 | 0,39 |
не се изјасниле | 2 | 0,02 |
непознато | 2 | 0,02 |
лица без податоци† | 502 | 4,61 |
Вкупно | 10.890 | 100,00 |
Вероисповед
уреди- Вкупно резидентно население во Општина Берово според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед | Вкупно |
православни | 6.272 |
муслимани | 514 |
католици | 4 |
христијани | 3.575 |
протестанти | 2 |
евангелисти | 1 |
евангелисти-методисти | 0 |
Јеховини сведоци | 9 |
останати | 0 |
евангелиски протестантски христијани | 8 |
агностици | 1 |
будисти | 2 |
лица без податоци† | 502 |
Вкупно | 10.890 |
Мајчин јазик
уреди- Вкупно резидентно население во Општина Берово според мајчиниот јазик
Јазик | Вкупно |
македонски | 10.068 |
албански | 0 |
турски | 22 |
ромски | 257 |
влашки | 1 |
српски | 15 |
бошњачки | 6 |
останати | 19 |
знаковен јазик | 0 |
непознато | 0 |
лица без податоци† | 502 |
Вкупно | 10.890 |
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.
Попис 2002
уредиДоминантна етничка заедница во Општината се Македонците, доминантен јазик е македонскиот и доминантна религија во Општината е православието. Општината е составена од 9 населени места, меѓу кои и градот Берово како најголемо населено место во Општината. Густината на населението е 23,31 жител на км2.[3]
Населени места
уредиОпштината има 9 населени места, од кои едно е градско населено место. Градот Берово е единственото градско подрачје во општината.
бр. | место | жители[4] |
---|---|---|
1. | Берово | 7.002 |
2. | Русиново | 2.095 |
3. | Владимирово | 861 |
4. | Ратево | 844 |
5. | Смојмирово | 765 |
6. | Двориште | 757 |
7. | Митрашинци | 729 |
8. | Будинарци | 682 |
9. | Мачево | 206 |
Историја
уредиБерово како општина функционирало уште со административната поделба на СР Македонија од 1952 година. Претходно општините се именувале како народни одбори. Последното утврдување на Општина Берово како административна единица на Македонија е со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година.
Општествени установи
уредиВо градот Берово се наоѓа Музејот на град Берово и Домот на културата „Димитар Беровски“.
Образование
уреди- Градинки
- Основно образоване
- Средно образование
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Берово е Звонко Пекевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Берово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Локалната управа на општината е составена од следниве комисии:
- Комисијата за финансирање, буџет и локален екомонски развој
- Комисија за еднакви можности
- Комисија за јавни дејности
- Комисија за општествени дејности
- Комисија за одбележување на празници и доделување на награди и признанија
- Комисија за статут и прописи
- Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви и манастири
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Будинарци
- Црква „Св. Спас“ - Владимирово
- Црква „Св. Илија“ - Владимирово
- Црква „Прсвета Богородица“ - Двориште
- Црква „Св. Петар и Павле“ - Ратево
- Црква „Св. Петка“ - Русиново
- Црква „Св. Марко“ - Русиново
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Русиново
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Берово
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Суви Лаки
- Црква „Св. Недела и Св. Петка“ - Абланица
- Црква „Св. Тодор“ - Берово
- Манастир „Св. Архангел Михаил“ - Берово
- Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Берово
Личности
уреди- Дедо Иљо Малешевски (1805 - 1898), македонски ајдут и револуционер
- Димитар Поп Георгиев Беровски (1840 - 1907), македонски револуционер
- Никола Малешевски (1852 - 1935), македонски револуционер
- Атанас Раздолов (1872 - 1931), македонски револуционер и поет
- Димитар Ацев (1893 - 1923), македонски комунист
- Константин Поп Георгиев, македонски револуционер
- Марија Поп Георгиева, македонска ајдутка, сестра на Дедо Иљо Малешевски
Култура и спорт
уредиСпорт
уредиВо рамките на Општина Берово функционира Фудбалскито клуб „Малеш“, кој е основан во 1919 година. Покрај овој клуб, во Општината опстојува и Ракометниот клуб „Малеш“. Покрај екипните спортови, во Берово се регистрирани и Риболовното друштво „Абланица“ и Ловечкото друштво „Дабевец“. На територијата на Општината се наоѓаат следниве спортски терени[6]:
- Спортски терени Хотел „Манастир“
- Терен за мал фудбал „ФИФА“
- Спортска сала ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
- Спортски терен „Стара гимназија“
- Спортска сала „Македонски бранители“
- Спортски терен „Кеј р. Брегалница“
- Стадион
Иселеништво
уредиЗа Општина Берово се забележува внатрешна и надворешна миграција. Внатрешната миграција се одвива кон поголемите градски центри во Републиката, а надворешната кон западноевропските држави, првенствено Италија и Германија.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Географска локација и релјеф - Општина Берово“. berovo.gov.mk. Посетено на 3 февруари 2021.
- ↑ 3,0 3,1 „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ Попис во Македонија 2002
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ Спорт во Општина Берово
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Општина Берово“ на Ризницата ? |
- Службен портал на Општина Берово
- Општина Берово Архивирано на 17 декември 2015 г. на malesh-net.com
- Берово Денес Архивирано на 5 септември 2014 г. - забавно-политички портал
- Општина Берово на Златна Книга.
- Општина Берово во „АБВ - деловен именик“[мртва врска]