Опае
Опае — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.
Опае | |
Координати 42°9′34″N 21°39′23″E / 42.15944° СГШ; 21.65639° ИГД | |
Општина | Липково |
Население | 1.619 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 17074 |
Надм. вис. | 351 м |
Опае на општинската карта Атарот на Опае во рамките на општината | |
Опае на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиВо текот на 1413 - 1421 година селото Опае со уште две села е вклучено во мулк, подарок од султанот Мехмед I за неговата ќерка, принцезата Елалди-Хатун, жена на Ахмед-ага. Во пописниот опширен дефтер од 1570 година, селото е дел од Ќустендилскиот санџак, во Кратовската каза нахија Нагоричане и во него се регистрирани 10 муслимански семејства, 23 христијански семејства и 14 неженети, христијани.Вкупниот износ на данокот на селото изнесувал 4797 акчиња.[2]
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618 - 1619 година селото е забележано со 16 домаќинства.[3]
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци и 150 Албанци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.619 жители, од кои 32 Македонци, 1.508 Албанци, 1 Бошњак, 1 останат и 77 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | — | 532 | 580 | 709 | 1.081 | 1.553 | 311 | 1.886 | 1.996 | 1.619 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиОпае е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Македонски
- Зафировци (4 к.), Малинови (3 к.), Диневи (1 к.) и Максимови (1 к.) сите наведени родови во селото се староседелски; Армутови (12 к.) доселени се од селото Табановце во турско време; Неделковци (3 к.) и Крстевци (3 к.) доселени се од селото Слупчане во турско време; Томовски (2 к.) доселени се од Куманово во турско време; Таранци (5 к.) доселени се од селото Жуинце кај Прешево во турско време; Пироќанци (7 к.) доселени се во 1913 година од селото Велика Лука кај Пирот; Доброчани (7 к.) доселени се од селото Добрача; Лазеви (2 к.) доселени се од селото Слупчане; Петровски (3 к.) и Крстевски (1 к.) доселени се исто така од селото Слупчане; Ѓурови (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Лесница во Горна Пчиња; Врањанци (1 к.) доселени се од околината на Врање; Бозаџици (3 к.) доселени се од селото Ѓерекара во Горна Пчиња; Станковци (1 к.) доселени се од Куманово.
Албански
- Бајрамовски (5 к.) доселени се од селото Сушево; Азировски (6 к.), Читаклар (3 к.), Алитовски (2 к.), Зенулови (1 к.) и Незировски (1 к.) доселени се од различни села; Зарбичани (9 к.), Сухарчани (2 к.), Брезничани (1 к.) и Рамнобучани (1 к.) доселени се од селата во Новобрдска Крајина; Стражани (5 к.), Руѓинчани (2 к.) и Слупчанци (2 к.) доселени се од селата Стража, Руѓинце и Слупчане.[10]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[11]
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиДо 1965 година од селото се иселиле 25 семејства во Скопје, Куманово и Турција. Повеќе се иселувало муслиманското население.[10]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од 1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.76-77
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 255.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 217. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |