Бенче

село во Општина Македонски Брод

Бенче — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Бенче
Бенче во рамките на Македонија
Бенче
Местоположба на Бенче во Македонија
Бенче на карта

Карта

Координати 41°41′31″N 21°5′53″E / 41.69194° СГШ; 21.09806° ИГД / 41.69194; 21.09806
Општина Македонски Брод
Население 25 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 03003
Надм. вис. 918 м
Бенче на општинската карта

Атарот на Бенче во рамките на општината
Бенче на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Населбата се наоѓа на југозападниот дел на територијата на Општината Македонски Брод, чиј атар се допира со територијата на Општината Гостивар, во Горни Полог. Селото е планинско, на надморска височина од 1.090 метри. Од централното место Македонски Брод населбата е оддалечена 39 км.

Историја

уреди

Во XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 15 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 807,7 ха, на пасиштата отпаѓаат 280 ха, а на обработлив ото земјиште 221,3 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948451—    
1953500+10.9%
1961437−12.6%
1971264−39.6%
1981122−53.8%
ГодинаНас.±%
199171−41.8%
199465−8.5%
200243−33.8%
202125−41.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бенче имало 200 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бенче имало 240 Македонци патријаршисти.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]

Од Бенче се иселил голем број на населението, така што тоа преминало од средна, во мала населба. Во 1961 година селото броело 437 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 65 жители, македонско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 43 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 240 451 500 437 264 122 71 65 43 25
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Бенче е македонско село.

Родови во селото се: Милевци (7 к.) доселени се од Закамен, Дебарско (според нив) како први доселеници; Баклашевци (10 к.), Дурмишовци (5 к.), Јандриовци (16 к.) и Поповци (16 к.) и сите се доселени од Закамен, освен две куќи од родот Поповци кои се од Крушево. За тие две куќи постои следното предание. Прадедото Трифун, немал деца, па кога дошол кај него некој зограф од Крушево, он го замолил да му најде некое машко дете. Он нашол две деца брат и сестра на кои мајката им умрела, ги донел и поп Трифун ги посвоил. Од родот Поповци имало многу свештеници.[12]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0253 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
 
Богородица Ширшаја во црквата „Св. Архангел Михаил“.
Културни артефакти
 
Бенчевски литургиски зборник
 
Бенчевско четвороевангелие со минијатури
  • Бенчевски литургиски зборник, српска редакција, Ресавски правопис од првата третина на XVI век. Пишуван на хартија: 21,5 х 15,5 см. 152 листови. Листовите 2, 3, 7‛, 75‛, 100‛, 114‛, 149‛,151‛ не се испишани. Има остатоци од оригинална кирилска пагинација со кватерниони, но со подврзувањето е пореметена и е недоследна. Писмоото е 22-23 реда на полна страница. Полууставно писмо со облици од XV-XVI век. Двоеров правопис, со траги од ресавската правописна школа. Големиот ер обично се употребува во предлозите и претставките, а малиот на крајот. Употребено е Ѕ (ноse, sвѣзда, ѕиждителю и др.) Од надредните знаци се среќава кендемата, акценти и спиритуси, но доста ретко. Од интерпункцијата употребена е точка и две точки. Насловите и иницијалите се црвени. Водени знаци: „Ракавица со петолист одозгора“, од првата третина на XVI век; круг со петокрака одозгора со иницијал внатре „ВМ“ од истиот период. Орнаментика: Скромна. Нема знаменца. Насловите и почетните букви се поголеми со извесна мала доза на првичност. Повез: Оригинален од XVI век; штици завиткани во црна кожа - орнаментирани со рамови, ромбови во коишто се наоѓаат розети и палмети. На аглите и на средината се наоѓаат метални топчиња. Има остатоци ок копчиња и ременчиња за закопчување. Содржина: Литургиски зборник. Ракописот е најден во црквата во с. Бенче - Поречие во 1988 година.[16]
  • Бенчевско четвороевангелие со минијатури, македонска безјусова редакција, од почетокот на XVI век. Пишувано на хартија: 21,5 х 15 см., 360 листа. Размер на текстовното поле 15 х 8,5 см. Тетратките се по осум листови, нумерирани со кирилски броеви во почетокот и на крајот од секоја свеска. Хартијата е дебела. Во XVIII век оштетените листови се извадени и заштитени, направено е еден вид на примитивна конзервација. Писмо: Убаво полууставно писмо, по 18 реда во полна страница, во една колона. Правописот е двоеров со ресавски принципи. Големиот ер обично се употребува во предлозите и претставките, а малиот ер на крајот. Употребен е фонемот ѕ. Од интерпукциските знаци употребена е точката и запирката. Застапени се доста напредни знаци како акцентот којшто е недоследен, потоа кендемата, паерокот и разни знаци за скратување. Насловите и почетните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно мастило. Водени знаци: 1. „Кардиналска шапка“ од типот Бриќе бр. 3457 со контрамарка „V“ од 1504 година. 2. „Камбана“ од типот Бриќе бр. 3405 од 1518 година. Орнаментика: Богата. Пред секое евангелие се наоѓа минијатура на евангелистот, вметнати отпосле во ракописот. Така на л. 7 се наоѓа минијатура на Матеја, на л. 102 на Марко, на л. 163 на Лука и на л. 264 на Јован. Минијатурите се изработени со врвна мајсторска прецизност и имаат голема уметничка вредност. После листовите на коишто се застапени минијатурите има големи знаменца во неовизантиски и балкански стил. На л. 8 големо правоаголно знаменце со преплети и флорални елементи што излегуваат надвор од правоаголната рамка. Знаменцето е нацртано со бледо зелена, црвена и кафена боја што ближи до позлата. Во ист стил и колорит е нацртана и почетната буква „К“. На л. 103 големо правоаголно знаменце со преплет и флорални елементи, како во рамка така и надвор од неа. Употребена е бледо сина, црвена, зелена и кафена боја што ближи до позлата. Во ист стил и колорит е нацртана и почетната буква „З“. На л. 169 се наоѓа големо правоаголно знаменце со преплети и флорални елементи. Употребена е црвена, зелена и кафена боја што ближи до позлата. Во сличен стил и колорит е нацртана и почетната буква „П“. На л. 265 има големи правоаголни знаменца со преплети и флорални елементи. Употребена е бледо зелена, црвена и кафена боја што ближи до позлата. Во ист стил и колорит е нацртана и почетната буква „В“. Освен четирите минијатури на л. 7, 102, 163 и 264, како и големите правоаголни знаменца, се среќаваат и помали знаменца нацртани со преплет и тоа на л. 2, потоа на л. 9 тесно знаменце во балкански стил со кругови и преплет. Слично се среќаваат и на л. 98, 100, 159, 161, 261 и 262. Повез: Оригиналениот повез е сочуван. Две даски обложени со орнаментирана кожа. Се среќаваат правоаглести рамки со крукчиња на аглите. Во средината орнаментиран крст со постамент. Има остатоци од копчиња за закачување. Содржина: Четвороевангелие. Ракописот е најден во с. Бенче - Македонски Брод.[17]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Личности родени во Бенче:

  • Тодор Петрески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Апостол Силјаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Трпе Аврамоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Трајан Србиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Неделко Трајаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Зафир Стефаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Даниле Србиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 26–27.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 328.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  14. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-07. Посетено на 2013-05-20.
  17. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-07. Посетено на 2013-05-20.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 18,6 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
  19. 19,0 19,1 19,2 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди