Бунарче
Бунарче — село во Општина Кавадарци, југоисточно од градот Кавадарци.
Бунарче | |
Координати 41°20′12″N 22°04′53″E / 41.33667° СГШ; 22.08139° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 567 м |
Бунарче на општинската карта Атарот на Бунарче во рамките на општината | |
Бунарче на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиВо XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бунарче живееле 332 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунарче имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат само 2 жители, Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 332 | 224 | 121 | 119 | 67 | 24 | 0 | 6 | 4 | 2 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиБунарче е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
- Доселеници: Трпковци (4 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Пожарско во Меглен; Филиповци (1 к.) доселени се од селото Барово; Кочовци (3 к.) доселени се од селото Вешје; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Миновци (3 к.) доселени се од селото Страгово; Прдиновци (1 к.), Биџовци (1 к.), Гоцомановци (1 к.), Грижовци (1 к.), Џамбазовци (1 к.) и Думовци-Терзијовци (2 к.) сите избегале од селото Зборско во Меглен во 1916 година, сите родови прво се разбегале по другите села, па потоа се собрале овде; Петковци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Страгово, таму се доселиле од селото Сирково во 1917 година, а во Сирково од селото Тушин во Меглен.[10]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Цркви
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |