Канино

село во Општина Битола

Канино — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Канино

Воздушен поглед на селото Канино

Канино во рамките на Македонија
Канино
Местоположба на Канино во Македонија
Канино на карта

Карта

Координати 40°57′59″N 21°21′0″E / 40.96639° СГШ; 21.35000° ИГД / 40.96639; 21.35000
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Област Пелагонија
Население 104 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7223
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02060
Надм. вис. 640 м
Слава Мала Богородица
Канино на општинската карта

Атарот на Канино во рамките на општината
Канино на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Според легенда, името на селото потекнува од името на убавата Калина, што подоцна станало Канино. Други, пак, велат дека Канино го добило своето име по првите жители (дедо Коте), кој бил многу дружељубив човек и постојано канел гости, па така селото го добило името Канино.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Воздушен поглед на Канино (првото) и соседното село Барешани (второто)

Селото се наоѓа во Пелагонија, во југозападниот дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола, под источната страна на планината Баба. Селото исто така се наоѓа недалеку од потпланинскиот локален пат Битола-Бистрица-гранична линија со Грција.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 640 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 12 километри во јужна насока.[3]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2333.

Селото е потпланинско, сместено во источното подножје на Баба Планина, помеѓу Велушина на југ и Барешани на север. Над Канино се наоѓа изворот Ѓуроа Ливада, од каде во 1951 година е спроведена вода за три чешми во селото. Претходно, мештаните користеле вода од други послаби извори. Низ самото село тече поток наречен Канинска Река.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Илов Врв, Гура, Рамниште, Присој, Гол Скапец, Лисичини Стени, Папрашица, Змијарник, Тумба, Дабица, Мечкарец, Дудулица, Киселички Дол, Кули и Попеј Врби.[4]

Селото има збиен тип, поделено на Долно и Горно Маало. На сретсело се наоѓа поголем празен простор. Маалата во селото се Шешкоско, Горно, Отадно и Долно.[4]

Историја

уреди
 
Улица во селото

Во нивите на месноста Мечкарец биле ископувани ќерамиди и камен од ѕидови залепен со вар, но никој од мештаните не знае што се наоѓало таму. Месноста Кули се наоѓа јужно од селото. И таму има остатоци од стари згради.[4]

Канино се вбројува во постарите села во Битолско, што може да се потврди со родови за кои не се знае од каде се доселени. Такви родови се Јанкуловци, Иљови, Стојчеви, Пелтевци, Нешкови и други.[4]

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Атарот на селото не е голем и зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 259 хектари, на пасиштата отпаѓаат 161 хектар, а на шумите 96 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Во минатото, Канино било чифлигарско село и во него имало пет чифлици, кои припаѓале на Амет-ефенди, Ајрула, Бајрам, Адем и Етика. Адем бил Арбанас од Острец, кој живеел во Канино, но подоцна се преселил во Породин и во Турција на крај. Останатите сопственици живееле во Битола. До 1912 година, целото население работело како чифчии.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948248—    
1953256+3.2%
1961249−2.7%
1971276+10.8%
1981268−2.9%
ГодинаНас.±%
1991184−31.3%
1994127−31.0%
2002111−12.6%
2021104−6.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Канино живееле 250 жители, од кои 190 Албанци и 60 Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Канино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 28 куќи.[7]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Канино имало 192 Македонци, патријаршисти.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Канино е мало село, коешто во 1961 година броело 213 жители, а во 1994 година 127 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 селото брои 111 жители, од кои 107 Македонци, 2 Срби и 2 останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 104 жители, од кои 89 Македонци и 15 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 192 248 256 249 276 268 184 127 111 104
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Канино е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.[4]

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:

  • Староседелци: Јанкуловци (2 к.), Иљовци (8 к.), Кузмановци (1 к.), Трајчевци (1 к.), Стојчевци (10 к.), Јовановци (3 к.), Пелтевци (2 к.), Николовци (1 к.) и Нешковци (3 к.).
  • Доселеници: Јанкуловци (7 к.), доселени се од селото Бистрица; Гроздановци (7 к.), доселени се од некое село во Преспа; Каракачовци (1 к.), доселени се од селото Олевени; Димовци (1 к.) и Толевци (1 к.), доселени се од селото Породин.

Иселеништво

уреди

До 1951 година од селото се иселиле 10 семејства во Битола и Северна Америка. Иселениците во Битола биле од родовите Јанкуловци и Толевци. Во Битола има уште иселеници од Размовци, Божиновци и Иљови. Иселениците во Северна Америка потекнувале од родот Трајчевци и други.[4]

Над 200 лица се иселиле во градовите Битола и Скопје, прекуокеанските земји и Европа.[2]

Општествени установи

уреди
 
Задружниот дом во селото

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Канино било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Бистрица.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Велушина, во која покрај селото Канино се наоѓале селата Барешани, Велушина, Граешница, Драгош, Жабени, Кишава, Лажец, Олевени, Острец и Породин. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Породин, во која влегувале селата Барешани, Жабени, Канино, Лажец и Породин.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0155 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 88 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[19]
  • Тумба — населба од брозено време;
  • Мечкарец — наоѓалиште од непознат тип и период;[4] и
  • Кули — наоѓалиште од непознат тип и период.[4]
Цркви[20]
Споменици
  • Спомен-плоча од НОБ на Задружниот дом
  • Споменик на сретсело
Реки

Редовни настани

уреди
Слави[4]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Канино

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2023-02-04. Посетено на 2024-24-08. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 20. Посетено на 24 август 2024.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 208. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 август 2024.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 24 август 2024.
  19. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 33. ISBN 9989-649-28-6.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 37.

Надворешни врски

уреди