Робово (Струмичко)

село во Општина Босилово

Робово — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Робово

Влезот на селото

Робово во рамките на Македонија
Робово
Местоположба на Робово во Македонија
Робово на карта

Карта

Координати 41°26′7″N 22°42′25″E / 41.43528° СГШ; 22.70694° ИГД / 41.43528; 22.70694
Општина Босилово
Население 436 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27056
Надм. вис. 220 м
Робово на општинската карта

Атарот на Робово во рамките на општината

Географија и местоположба

уреди
 
Црква „Св. Спас“
 
Селската чешма
 
Подрачно училиште „Гоце Делчев“
 
Парк во селото

Робово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во југоисточниот дел на Општина Босилово, десно од патот кој води од Струмица кон Ново Село и патот кој води кон селото Банско. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри, додека селото граничи со селото Дабиле, кое е прво и најблиско село до Струмица, со селото Босилово кое е центар на општината, со селото Муртино и со мал дел со селото Еднокуќево. Низ атарот на селото тече реката Струмица, покрај која од двете страни е распостелено висококвалитетно и плодно земјиште, на кое успеваат голем дел на градинарски култури.

Надморската височина во селото е 220 метри додека селото зафаќа површина од 3,4 км2. Од нив, 309 хектари се обработливо земјиште.[2]

Историја

уреди

Ран период

уреди

Селото Робово порано имало друга местоположба, се наоѓало во месноста Црквиште, на помалку од еден километар од денешното Робово, во насока кон соседното село Сачево, но поради појавата на епидемија или чума, селаните го напуштиле старото живеалиште и основале нова населба, која ја нарекле Робово.

Според културниот деец и публицист, Иван Котев, роден во село Робово, селото го добило името по т.н. „пазар на робови“. Една друга легенда кажува дека селото го има добиено името по неговите основатели – тројца робови, кои побегнале од затворот во Солун и се засолниле во овој крај, кај денешно Робово. Едниот од робовите се викал Јанко, поради што месноста што се наоѓа југозападно од село Робово се нарекува Јанковица. Таму постоела црква, по која месноста се викала Црквиште. И таа се наоѓа југозападно од селото. На тоа место тројцата робови живееле на слобода и мир, занимавајќи се со земјоделство, претежно со лозарство. Во сеќавање на робовите, при напуштањето на месностите Јанковица и Црквиште, како и при преселувањето на населението на местото на денешно Робово, новонастанатата населба била наречена Робово[3].

Селото е споменето со денешното име Робово во грамота на Јован Драгаш и Константин Драгаш од 1378 година[4]

Отоманско Царство

уреди

Во XIX век Робово било чисто македонско село. Во 1860 година Арсениј Костенцев го открил во домот на месниот жител Мицо Караџа првото училиште во Струмичката каза. Самиот Мицо Караџа бил еден од најбогатите во селото, имајќи 500 до 600 декари плодна земја. Во училиштето Костенцев бил четири години учител во самото училиште доаѓале деца на чорбаџии и од соседните села Сачево, Муртино, Моноспитово, со вкупно 45 деца. Училиштето работело по буквари и други учебници, набавени од печатницата на Константин Држилович, и донесени од Солун[5]. На иницијатива на Мицо Караџа во истата година се започнало со собирање на средства за изградба на селската црква „Свети Спас“, која била завршена во 1864 година[5][6]. Во ноември 1862 година селаните од Робово, на чело со Мицо Караџа и Арсениј Костенцев го протерале од Робово владиката Јеротеј Струмички[7]. Во 1867 годинс во селото дошол „папа Михаил папа Николов от Берово". По него, во Робово служувал попот Јане Темелкович, а уште подоцна попот Глигор, двајцата од Радовиш[5].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Робово било село со 60 семејства и 213 Македонци [8][9]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 240 жители Македонци [8][10]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело едно егзархиско училиште[8][11].

По започнувањето на Балканските војни, од селото 2 лица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[12]

Царство Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства.

Југославија

уреди

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Селото е споменато во „Оковани радник" (легален орган на КПЈ), во број 8 од 15 октомври 1924 година, во врска со положбата на народот на Струмичката околина во тој период. Според списанието, по дознавањето на околинскиот началник за делување на пет комити во селата Робово и Петралинци, полицискиот писар Јагош спроведел рација во која во Робово уапсил 10 луѓе, во Петралинци 5 луѓе и во Дрвош 6 луѓе бидејќи сметал дела уапсените им помагале на комитите[5].

По крајот на Втората светска војна, Робово било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948534—    
1953617+15.5%
1961627+1.6%
1971628+0.2%
1981635+1.1%
ГодинаНас.±%
1991586−7.7%
1994576−1.7%
2002576+0.0%
2021436−24.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Робово живееле 262 жители, сите Македонци.[13] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Робово имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[14]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[15]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 576 жители, од кои 574 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[16]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 436 жители, од кои 421 Македонец и 15 лица без податоци.[17]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 240 534 617 627 628 635 586 576 576 436
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[18]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[19]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[20]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[21]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1813 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[22]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 417 гласачи.[23]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 409 гласачи.[24]

Културни и природни знаменитости

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Од Робово потекнува цела генерација добри фудбалери на ФК Полет-Робово.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.251.
  3. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  4. Новаковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 316.
  6. Костенцев, Арсени (1984). Спомени. София: Издателство на Отечествения фронт. стр. 18–20. Посетено на 2016-12-02.
  7. Костенцев, Арсени. Спомени. София, Издателство на Отечествения фронт, 1984. с. 24 - 25. Посетен на 2016-12-02.
  8. 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  11. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  12. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 875.
  13. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, с. 160.
  14. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.106-107.
  15. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  16. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  17. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  18. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  19. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  20. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  21. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  22. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  23. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  24. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски

уреди