Долно Чичево

село во Општина Градско

Долно Чичево — село во Општина Градско, во околината на градот Велес.

Долно Чичево

Старото училиште во селото

Долно Чичево во рамките на Македонија
Долно Чичево
Местоположба на Долно Чичево во Македонија
Долно Чичево на карта

Карта

Координати 41°32′26″N 21°52′13″E / 41.54056° СГШ; 21.87028° ИГД / 41.54056; 21.87028
Регион  Вардарски
Општина  Градско
Население 39 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1420
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29083
Надм. вис. 301 м
Долно Чичево на општинската карта

Атарот на Долно Чичево во рамките на општината
Долно Чичево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Клепа, оддалечено 50 километри јужно од градот Велес и 6 километри западно од општинското средиште Градско. Од општинското средиште Градско води асфалтен пат, со кој селото е поврзано и со погорните села Горно Чичево и Подлес.

Историја

уреди

Потекло и значење на името

уреди

За потеклото на имињата на селата Горно и Долно Чичево постои следната легенда. Во првата половина на XVII век во селото Росоман живееле тројцата браќа Јане, Петре и Стојан кои поради тоа што немале доволно земја за да опстанат, Петре и Стојан се решиле да заминат и да се занимаваат со чување на овци при што тие одбрале место со добри пасишта и извори на атарот на денешните чичевски села.[2] Петре го направил своето бачило во месноста каде што е сега селото Горно Чичево, а Стојан своето бачило го направил малку подолу каде што сега се наоѓа Долно Чичево.[2] Поминало доста време, а браќата не можеле да се видат со својот брат Јане, па неговата ќерка која што многу ги почитувала своите чичковци го натерала татка си да одат на гости кај нив.[2] Кога стигнале таму, чичковците многу се израдувале што на гости им дошол братот, а посебно внуката заради што многу богато ги нагостиле, а таа пак на враќањето на сите кои ги сретнувале само им повторувала дека се враќаат од „чичевото имање“ заради што местото било наречено Чичево.[2] Бидејќи едниот чичко живеел погоре местото го нарекле Горно Чичево, а за другиот чичко кој живеел подолу местото го нарекле Долно Чичево.[2] Веродостојноста на ова предание не може да се потврди со оглед на тоа дека во двете места нема родови со потекло од Росоман кои се основачи на селата.

Села со имиња Горно и Долно Чичево има во околината на градот Требиње во Босна и Херцеговина близу до тромеѓето со Црна Гора и Хрватска, но не се знае дали тие имаат некаква врска со двете истоимени села кај Градско во Македонија, која е можно да настанала по големите преселби по Австриско-турската војна на крајот на XVII век во 1689 година. Село со име Чичево постои и во крајниот јужен дел на Бугарија.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948604—    
1953534−11.6%
1961502−6.0%
1971378−24.7%
1981243−35.7%
ГодинаНас.±%
1991127−47.7%
1994110−13.4%
200272−34.5%
202139−45.8%

Селото Долно Чичево во 1961 година броело 502 жители, додека во 1994 бројот се намалил на 110 жители, македонско население. Сепак во селото денес има две постојано населени македонски семејства со по 2 мали деца.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Чичево живееле 72 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 34 Македонци и 5 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 900 568 604 534 502 378 243 127 110 72 39
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Долно Чичево е македонско село, а во минатото имало во селото и Турци.

Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:

  • Турски родови во селото биле: Крсановци (20 к.), Ајдаровци (8 к.), Нолбантиновци (19 к.), Зајимовци-Беговци (4 к.), Нурковци (5 к.) и Чибовци (2 к.). Овие родови биле староседелски; Потуровци, Тирчевци и Каленичаровци (3 к.) доселени се во крајот на XVIII век од некое село Капеш, и овде се потурчиле; Јуруковци и Абишовци (13 к.) доселени се од селото Мушанци, а по потекло се Јуруци. Од нив останатото население на селото го научило турскиот јазик; Оџевци (2 к.) доселени се од селото Сирково во средината на XIX век; Ѓупци (1 к.) они се Роми. Доселени се од селото Водоврати во 1884 година.
  • Македонски родови во селото се: Бојаџијовци (9 к.), Недевци (5 к.), Ќулумовци (2 к.), Мановци (6 к.), Прасевци (4 к.), Торевци (1 к.), Богатиновци (5 к.), Крчмаровци (9 к.) и Несторовци (4 к.) дедовците на наведените родови се доселиле од Грамаѓа и Капеш (раселени села) кон крајот на XVII век; Илковци (15 к.) доселени се на средината на XVIII век од селото Водоврати кај Неготино за да го избегнат потурчувањето; Даскаловци (2 к.) доселени се од селото Ракле кај Прилеп во XVIII век; Крнинци (3 к.) доселени се од селото Крнино; Припорци (9 к.) доселени се во 1840 година од поранешното село Припор во Азот; Маѓаровци (2 к.) доселени се во 1850 година од Дојранско; Пешовци (1 к.) доселени се во 1896 година од градот Велес; Вановци (1 к.) доселени се во 1906 година, исто така од Велес; Данајиловци (1 к.) доселени се во 1911 година од градот Кавадарци.[11]

Самоуправа и политика

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Св. Атанасиј

Селото се наоѓа во Општина Градско, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Градско.

Во периодот 1952-1955 година, селото се наоѓало во тогашната Градска општина, во која покрај Долно Чичево се наоѓале и селата Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Градско, Подлес, Убого и Уланци. Самата Градска општина била дел од Титоввелешката околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото било седиште на тогашната Општина Долно Чичево, во која покрај Долно Чичево, се наоѓале и селата Водоврати, Горно Чичево, Крушевица и Подлес.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2222 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Грамаѓе — населба од римско време
  • Кале — градиште од доцноантичко време
  • Мало Кале — населба од римско време
  • Озор — населба од римско време
Цркви[15]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ончевски, Страшо (1995). Монографија за селата Горно Чичево и Подлес. Велес: Графичар. стр. 13.
  3. Според кажување на жители на селото. Забележале Марио Шаревски и Тони Ристовски на 8 декември 2015
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 73-74. ISBN 9989-649-28-6.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди