Лисиче (населба во Скопје)
Лисиче — населба во Општина Аеродром, во источниот крај на градот Скопје.
Лисиче | |
![]() Населбата гледана од Џевахир. | |
Координати 41°57′26″N 21°32′15″E / 41.95722° СГШ; 21.53750° ИГДКоординати: 41°57′26″N 21°32′15″E / 41.95722° СГШ; 21.53750° ИГД | |
Општина | Аеродром |
Шифра на КО | 25169 |
Надм. вис. | 237 м |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Лисиче е урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 4 км оддалеченост од центарот на Скопје. Се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Лисиче се граничи со населбата Горно Лисиче, на север со Реонски Центар, на северозапад со населбата Аеродром и на запад со населбата 11 Октомври.
Историја уреди
Лисиче почнало да се гради како бараки после земјотресот во Скопје во 1963 година. Населбата била наменета за Скопјани, кои им биле урнати домовите. Потоа поголемиот дел на Скопјани се вратиле во новоизградените станови во Скопје. По отселувањето на Скопјани, луѓето од внатрешноста започнуваат да се доселуваат.
Стопанство уреди
Демографија уреди
Општествени установи уреди
На територијата на населбата Лисиче се наоѓа ОУ „Димитар Македонски“. Училиштето било основано во 1964 годинa[1] и го носело името ОУ „Сава Ковачевиќ“. Истото било изградено по земјотресот како училиште од монтажен тип, и било донација од Република Франција. Во 2020 започнала неговата реконструкција.[2]
Во населбата има детска градинка „Буба Мара“ која работи во два клона - клон “Пчелка 1“ кој се наоѓа на улицата „Грамос“, блиску до трговскиот центар и вториот клон “Пчелка 2“ кој е понов објект и се наоѓа на улицата „Аврора“, на влезот во населбата. Во градинката престојуваат 275 деца. Во текот на 2012 година се извршила реконструкција на покривот, прозорците и на санитарните јазли[3].
Во центарот на населбата, се наоѓа зградата на Секторот за прекршоци - Полициската станица „Лисиче“. Овој објект во минатото бил полициски интернат.
Во населбата работи и библиотеката „Рајко Жинзифов“ како подружница на Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ - Скопје.[4]
Администрација и политика уреди
Културни и природни знаменитости уреди
Редовни настани уреди
Личности уреди
- Петре М. Андреевски - писател
- Сашка Петковска - пејачка на македонски шлагери
- Славе Димитров - композитор
- Никола Поповски - политичар, поранешен министер за финансии
- Стојна Вангеловска - глумица
- Димитар Чемков - музичар, член на групата Бис-Без
- Томислав Кежаровски - новинар
Култура и спорт уреди
Иселеништво уреди
Галерија уреди
-
Свечено предавање на 204 станови во населба Лисиче, што биле градени од Република Црна Гора. Претставникот на Црна Гора ги поздравува присутните (3 јануари 1964).
-
Лисиче во 1964 година.
Наводи уреди
- ↑ „Димитар Македонски“. www.aerodrom.gov.mk. Посетено на 2021-03-07.
- ↑ Македонија, 11/06/2020 | (2020-06-11). „Се гради училиштето „Димитар Македонски" во населба Лисиче“. ПУБЛИКУМ. Архивирано од изворникот на 2021-08-05. Посетено на 2021-03-07.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Буба Мара - клон „Пчелка 2"“. www.aerodrom.gov.mk. Посетено на 2021-03-07.
- ↑ „ЈУ Градска библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје“. www.gbsk.mk. Посетено на 2021-03-07.
Надворешни врски уреди
- Лисиче (населба во Скопје) на Ризницата ?
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |