Брод (село)

село во Општина Новаци, Битолско

Брод — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Брод
Брод is located in Македонија
Брод
Местоположба на Брод во Македонија
Координати 40°57′00″N 21°34′00″E / 40.95000° СГШ; 21.56667° ИГД / 40.95000; 21.56667Координати: 40°57′00″N 21°34′00″E / 40.95000° СГШ; 21.56667° ИГД / 40.95000; 21.56667
Општина Новаци
Население 57 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 575 м
Брод на општинската карта
Брод во Општина Новаци.svg

Атарот на Брод во рамките на општината
Commons-logo.svg Брод на Ризницата

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во источниот дел на Пелагонија, на бреговите на Црна Река, југоисточно од Битола. Соседни села на Брод се. Бач од југ, Сливица и Добровени од североисток и југоисток, Велесело од север, и Долно Егри од запад.

Поедини места во атарот на селото се: Кутлишта, Измидол, Чепен, Гладно Поле, Јалишта, Копачка, Бара, итн.[1]

ИсториjaУреди

Брод е старо село, со сочувани голем број староседелски родови. Во познатите извори Брод за првпат се споменува измеѓу 1620 и 1640 година. Во турско време Брод било долго време рајатско село.

Селото се споменува во отоманските документи од 1638 година (помеѓу 22 август и 1 септември) во еден договор за заем склучен помеѓу каданата Ајша како заемодавец и населението од село Брод - Битолско. Земениот заем изнесувал 5.000 акчиња со лихва од 750 акчиња.[2]

На почетокот на 19-ти век по ова село нападнал некој Велија со 40 души. Бротчаните еднаш се жалеле на некој паша од Битола за зулумите кои ги трпеле. Тој (пашата) им ветил дека ќе ги заштитува од зулумќарите, но под услов тој да биде главен во селото. На крај селаните се согласиле. Кога виделе по околните села дека зулумќарите престанале да напаѓаат, и селаните од околните села оделе кај пашата, нудејќи му да бидe главен во нивните села, во замена за нивна заштита.[1]

По смртта на пашата, неговата ќерка и двајцата синови си го поделиле чифликот. Едниот син кон средината на 19-ти век си го продал својот дел на селаните. Така некои селани повторно си дошле до своја земја (Поповци). Ќерката на пашата се омажила за некој Нури-паша исто така од Битола. Тој пред крајот на својот живот во 1907 година земјата на бродскиот читлук бесплатно ја отстапил на чифлиџиите. Останатите жители се ослодиле од чифличиството по 1912 година.[1]

 
Брод за време на Првата светска војна

ЕкономијаУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Брод живееле 490 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Брод имало 520 Македонци, патријаршисти.[4]

Според пописот од 2002, селото брои 57 жители, сите Македонци.[5]

Во 2013 година селото брои 21 жител.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 490[3] 520[4] 699 799 846 535 407 90 88 57

РодовиУреди

Брод е македонско село

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:

  • Староседелци: Илиовци (10 куќи), Кржевци (6 куќи), Сталевци (5 куќи), Талевци (4 куќи), Акруда (1 куќа), Тасевци (8 куќи), Роглевци (7 куќи), Божиновци (6 куќи), Чаевци (3 куќи), Карабиши (1 куќа), Трајановци (3 куќи), Нешовци (2 куќи), Романовци (2 куќи), Кузмановци (2 куќи), Карапанџовци (1 куќа), Мицевци (7 куќи), Терановци (4 куќи), Диневци (3 куќи), Секуловци (2 куќи), Шапкаровци (1 куќа), Котевци (1 куќа), Толевци (1 куќа) и Јолевци (1 куќа)
  • Доселеници: Поповци (7 куќи) потекнуваат од предокот Неделко, кој дошол во Брод како свештеник од селото Раково кај Лерин. Ја знаат следната генеологија Ванѓел (жив на 73 год. во 1953 година) Толе-Костадин-Симун-Неделко, кој се доселил од Раково кон крајот на ХVIII век; Шабановци (4 куќи) потекнуваат од домазет доселен однекаде; Мојановци (3 куќи) доселени се од селото Велесело, каде биле староседелци, таму им се род Караџовци; Аспровци (1 куќа) доселени се од раселеното село Грдилово; Вељановци (2 куќи) доселени се од Тепавци, во Тепавци се доселени од некое село во околината на Корча во Албанија; Димковци (3 куќи) доселени се од селото Скочивир во Мариово; Сивевци (2 куќи) доселени се од селото Сливица; Враговци (4 куќи) доселени се од селото Велесело, имаат истоимени роднини во Бач; Местачовци (4 куќи) порано се викале Стојановци. По потекло се од селото Пожарско кај Воден. Од таму прешле во Скочивир, а по некое време се доселиле во Брод; Положани (4 куќи) доселени се 1912 година од селото Полог; Симоновци (1 куќа) доселени се 1912 година од селото Скочивир во Мариово; Печковци (1 куќа), Куризовци (1 куќа) и Стрезовци (1 куќа) доселени се од селото Грдилово околу 1912 година и Првата светска војна.[1]

Општествени институцииУреди

Администрација и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви[7]
Археолошки наоѓалишта[8]
  • Сарај - некропола од железно време;
  • Бела Црква - населба од неолитско време;
  • Браилово - утврдување од доцноантичко време;
  • Џепен - населба од железно време;
  • Грдилово - населба од доцноантичко време;
  • Брод - населба од железно време;

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

Фудбалскиот клуб од с. Брод носеше назив ФК Земјотрес за да подоцна се преименува во ФК Брод и се натпреваруваше во Б лига на ОФС Битола.

ИселеништвоУреди

Од Брод иселеници има во леринското Асаново Село. Од родот Мицевци едно семејство се иселило во Битола пред 1950-тите. Населението од село Брод најмасовно се иселува во 60-те и 70-те години од XX век во поголемите села од Битолскиот регион како Кравари, Новаци, Бистрица, потоа во Битола и Скопје, а во странство емигрира најчесто во Австралија, САД, Канада, Германија, Шведска, Данска и други држави.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.41
  3. 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. Ацев, Петър. Спомени, Алфаграф, София, 2011, стр. 396.

Надворешни врскиУреди