Трнаниќ

село во Општина Дебар
(Пренасочено од Трнаник)

Трнаниќ (традиционално: Трнаник или Тараник) — село во Општина Дебар, западна Македонија.

Трнаниќ
Трнаниќ is located in Македонија
Трнаниќ
Местоположба на Трнаниќ во Македонија
Координати 41°29′54″N 20°29′10″E / 41.49833° N; 20.48611° E / 41.49833; 20.48611Координати: 41°29′54″N 20°29′10″E / 41.49833° N; 20.48611° E / 41.49833; 20.48611
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Grb-debar.jpg Дебар
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 560 м
Трнаниќ на општинската карта
Трнаниќ во Општина Дебар.svg

Атарот на Трнаниќ во рамките на општината
Commons-logo.svg Трнаниќ на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во областа Горен Дебар, во Дебарското Поле. Самото Трнаниќ се наоѓа на најзпадниот раб на неговиот атар, помеѓу Бомово на северозапад и устието на Црн Дрим во Дебарското Езеро со ХЕЦ „Шпилје“ на југоисток. Југозападниот дел од атарот ја образува државната граница со Албанија која врви по Црн Дрим; преку реката (границата) е македонското Трбач од областа Голо Брдо.

ИсторијаУреди

Како и останатите села во Дебарско, Трнаниќ било македонско село кое подоцна се албанизирало. Традиционално било маало на с. Бомово и затоа не е попишувано сè до 1971 г.

ДемографијаУреди

Сè до пописот од 1971 г. (воедно и последна со население) не наоѓаме одделни податоци за Трнаниќ, бидејќи дотогаш се сметало за маало на Бомово.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[1] 1905[2] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 45 0 0 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[3]

Селото е раселено по 1971 година кога броело 45 жители, од кои 36 Албанци и 9 Македонци.[4]

НаводиУреди

  1. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  2. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  3. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.

Надворешни врскиУреди