Горно Егри

село во Општина Битола

Горно Егри — село во Општина Битола, јужна Македонија. Денес нема жители.[2]

Горно Егри
Горно Егри во рамките на Македонија
Горно Егри
Местоположба на Горно Егри во Македонија
Горно Егри на карта

Карта

Координати 40°56′57″N 21°26′54″E / 40.94917° СГШ; 21.44833° ИГД / 40.94917; 21.44833
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Област Пелагонија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7224
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02050
Надм. вис. 580 м
Горно Егри на општинската карта

Атарот на Горно Егри во рамките на општината
Горно Егри на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, југоисточно од Битола, на надморска височина од 580 м.[3]

Историја уреди

Во XIX век Горно Егри било село во Битолска каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Егри имало 120 жители, од кои 70 Македонци христијани и 50 Арнаути муслимани.[4][5]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Егри имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[6]

Во 1914 г. селото се свело на 42 жители, а за време на Првата светска војна тоа е иселено.[7]

На почетокот на XXI во атарот на селото има остатоци од две куќи.[7]

Население уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 10 до 25 Турци.[8]

Селото е напуштено уште во Првата светска војна. Според пописот од 2021 година, Горно Егри немало ниеден жител.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 80[9] 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 141 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Средно Егри.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[15]

Личности уреди

Родени во Горно Егри
Починале во Горно Егри

Иселеништво уреди

Според истражувањата направени во 1950-тите, доселеници од Горно Егри имало на следниве места:[16]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 77. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 236. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  7. 7,0 7,1 „Горно Егри“. Мој роден крај. Архивирано од изворникот на 2016-03-16. Посетено на 2021-01-27. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Се однесува само на христијанското население.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.

Надворешни врски уреди