Лева Река

село во Општина Ресен

Лева Река — село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.

Лева Река
Лева Река во рамките на Македонија
Лева Река
Местоположба на Лева Река во Македонија
Лева Река на карта

Карта

Координати 41°09′30″N 21°00′20″E / 41.15833° СГШ; 21.00556° ИГД / 41.15833; 21.00556
Општина Ресен
Население 41 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23024
Лева Река на општинската карта

Атарот на Лева Река во рамките на општината
Лева Река на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Влезот во Лева Река познат како Гулевска Маала.
 
Средишниот дел познат како Средна/Папазоска Маала.
 
Северниот дел познат како Горна/Дачуловска Маала.

Селото се наоѓа на 10-тина километри северно од градот Ресен, на околу 1,8 км десно од главниот магистрален пат А3 (Битола-Ресен-Охрид) во правец кон Охрид. Селото се наоѓа во многу живописна котлина оградена со густо пошумените ридови: Курјак, Орлец, Чукана (Чукарна), Трнон, Градиништа, Коједол и Коблето. На средина тече истоимената река која ја дели Љоречката Котлина на два дела, а селото Лева Река или познато меѓу народот како Љорека се наоѓа на надморска висина од околу 970 м.н.в. кое лежи на 41. степен и 10. минута северна географска ширина, и на 21. степен и 1. минута источна географска должина, и е најсеверно село во познатата Преспанска Котлина и како дел од Општина Ресен.

Лева Река граничи од север и исток со подрачјето на Општина Демир Хисар (во склоп на селата Вирово, Церово и Боиште, Смилево), од југ со Кривени и Избишта, и од запад со Крушје и подрачјето на Општина Охрид (во склоп со селото Плаќе).

Селото располага со најголем селски атар во цела Општина Ресен, и се простира на скоро 24,5 км2 и зафаќа исклучиво ридско-планинско земјиште обраснато со листопадна шума (даб, бука, евла, брест, габер, јасика, леска, дрен, јавор) и зимзелена шума во која исто е застапен и белиот бор, и доглазијата и тревнати терени по кои некогаш се напасувале многубројни стада на кози, овци, говеда. Од целокупната површина околу 500 хектари се обработливо земјиште (кое може е и зголемено во поново време со понова технологија на механизација), околу 277 хектари пасишта и 1585 хектари шуми.

Селото е од собран тип, со 23 стари куќи градени од камен и плитар, на приземје и кат, со чардаци и дворни места. Според групираноста на куќите и семејствата селото се дели на три маала: Горна или Дачуловска Маала (северниот дел), Средна или Папазоска Маала (средишниот дел) и Долна или Гулевска Маала (јужниот дел).

Сите топоними кои се користат во селото се со старо-словенско потекло меѓу најчесто употребуваните во месното население се: Бела Војца, Богдајнца, Бразда, Виројне, Вранче Дол, Ваковски Ливаѓе, Голем Дол, Градиништа, Грмечки Камен, Гарвајнца, Голи Врв, Дробацине, Делој, Дабје, Дупка, Еленски Рид, Јавороец, Јасичкине, Јанов Камен, Јариница, Курјак, Кољојца, Колкон, Кленче, Краижник, Колибине, Кочедол, Коједол, Кртина, Кисела Вода, Лисино, Лева Река, Мала Рудина, Мачни Кошари, Милејца, Млачкине, Мигулици, Орлец, Орница, Пучи Г'з, Попов Дол, Секундица, Свински Дол, Ставцине, Трнон, Топлец, Трно Ливада, Темни Дол, Керни Евли, Кирин Дол, Умишта, Црни Врв, Чукана, Честак, Џепчинец, Шумје, Широка Ливада, Шамлица, Шталите и многу други.

Селото е изложено најмногу на северниот и југозападниот ветар, и кои се сметаат за студени и дождоносни.

Историја

уреди

Селото Лева Река е повеќевековно старо хрисијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Името се среќава во повеќе форми низ историјата (Леорека, Јорека, Љорека, и Лева Река) споменуваќи се во повеќе извори низ ралични периоди. Во врска со името на ова село Вологимјеж Пјанка пишува дека е придавно-именски состав, и првобитно се однесувало на селската река а подоцна е и селото именувано со тоа име. Најрано достапни пишани извори се во 1519 и 1583 година во турските пописни документи, и во 1865 година во патописот на Јохан Кан, Во 1889 година во делата на Стефан Верковиќ, во 1900 година во делата на Васил К’нчов, во 1902 година кај Лев Огненов, и во многу документи од Илинденскиот период, во 1912 година кај Георги Трајчев, во 1925 кај Ѓорѓе Киселиновиќ и други, и било познато како дервенџиско (заштитничко) село во XVI век. Сè до 1912 година Лева Река (Љорека) била под турско владение, кое никогаш не било беговски чифлик. Во подготовките и текот на Илинденското востание Лева Река има и зазема доста активно учество, и биле мобилизирани доста селани, кои се спомнуваат во дневниците на Славејко Арсов. Загинале 8 души меѓу кои и Вељо Гулевски кој бил неправедно однесен во затворот во Битола и погубен, селото било запалено и ограбено, а вкупно изгореле 54 куќи. Во ноември 1912 година селото паѓа под српско владение додека пак во октомври 1915 година за време на Првата светска војна под бугарско владение. Во овој период љоречани биле мобилизирани на двете страни и на српска и на бугарска и се бореле на фронтот спротивставено.

 
Панорама на селото во 1919 година.

После 1918 година селото повторно паѓа под српска власт сè до 1941 година, Србите направиле голема штета на населението кое било асимилирано, денационализирано, со српска власт со српска војска, писмо, јазик, училишта, учители, српска црква и попови, наметната српска народност и презимиња. Во тој период селото било во составот на општина Јанковец (Јанкоец). Во текот на Втората светска војна повторно доаѓаат Бугарите во мај 1941 година кои иако се воделе како фашисти на страната на окупаторска Германија, тие во Преспа и во Лева Река биле пречекани како „Ослободители“ од стегите на српското владение, дури имало и војници мобилизирани во бугарската војска. Селото останало под бугарска окупација сè до јуни 1944 година кога биле формирани НОО и влегло во Демократска Федерална Македонија подоцна сменета во Народна Република Македонија, во склоп на Федеративна Народна Република Југославија.

Стопанство

уреди

Љоречани својата издршка секогаш ја обезбедувале преку печалбарство и сточарство, каде се одгледувале голем број на стада овци, кози, говеда, коњи, се произведувало и ќумур, преработка на дрво, продажба на огревно дрво, пчеларство. А во денешно време најголема гранка е земјоделството поготово овоштарството, каде се одгледува познатото преспанско јаболко, најмногу застапено од сортата ајдаред, каде посебната клима и влага му дава извонредно црвена боја и посебен вкус и сочност. Месно населението се занимава и со збирање на шумски плодови, како печурки, мов, смрека, итн.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948364—    
1953387+6.3%
1961312−19.4%
1971207−33.7%
1981205−1.0%
ГодинаНас.±%
1991119−42.0%
199473−38.7%
200260−17.8%
202141−31.7%

Во 1519 година селото имало 73 семејства, во 1583 година 130 семејства (М. Соколовски), 1865 година 15 куќи, во 1889 44 куќи 62 семејства и 331 жител (С. Верковиќ);

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лева Река живееле 285 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лева Река имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лева Река се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 61 куќа.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото имало 20 домаќинства и 60 жители од кои 59 Македонци и 1 Србин.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 41 жител, од кои 40 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 285 280 364 387 312 207 205 119 73 60 41
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Лева Река е македонско село.

Родови во селото се: Гулевци, Дамуловци и Папазовци, а од нив подоцна произлегле Деровци, Старковци, Крстевци, Оџовци, Маџуровци и Симјановци, овие се стари родови. Доселени се: Ајтовци (доселени се од Боиште, Железник), Арнаутите (доселени од Мала Преспа), Гроздановци (доселени се од Боиште, Железник), Калиовци (доселени се од Мала Преспа), Рајчановци (доселени се од Рајца) и Тосковци (доселени се од областа Полог).[11]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Тосковци со Маџуровци (8 к.), Дамуловци (25 к.), Балтиовци (35 к.)
  • Доселеници: Гроздановци, Пупулковци и Башовци и Кузмановци (4 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Гулабовци (4 к.) доселени се од селото Стипона.[12]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1634 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект на лицето наумовски симо.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Никола“.
Цркви[15]
Археолошки локалитеи[16]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Постари иселеници кои мигрирале до 1949 година, има во Аргентина (десетина семејства), во Србија мигрирале во Војводина, највеќе во селото Јабука (Тасевски, Милошевски, Божиновски, Костевски и Ѓоргијовски), потоа во Бугарија, Грција, САД (тринаесет семејства), Ресен, Велес.[12]

Печалбарството продолжило и после 1950-тите, значаен дел од населението мигрирало во Австралија, Америка, Канада, Шведска, Данска, Норвешка, Германија, Србија, Бугарија, и други земји.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 241.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.168-169.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  12. 12,0 12,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. 17,0 17,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  19. 19,0 19,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

уреди